Почетна / Рецепти / Фантастичен ролат со мармелад од јагоди

Фантастичен ролат со мармелад од јагоди

Обожавате ли лесна торта со мармелад?
А не е ли уште повкусна кога е со мармелад од јагоди?
Денешниот рецепт може да го подготвите како богата торта со крем за роденден.

Денешниот рецепт е совршен за оние што сакаат да експериментираат.
Каков мармелад да изберете? Па секако на Vipro. 

Рецептот се припрема во неколку етапи, па затоа еве го низ слики дел по дел:

Содржина за ролат (содржината е за 3 ролати)
15 јајца
15 лажици шеќер
15 лажици брашно
3 прашоци за пециво
1 тегличка мармелад на Vipro. 

Фил:
1 l млеко
9 лажици брашно
5 јајца
200 gr шеќер
5 паќетчиња ванилин шеќер
150 gr путер

Декорација:
2 кесички шлаг пена
200 ml ладно млеко од замрзнувач
250 gr темно чоколадо или чоколадо за готвење
7 лажици масло

Други состојки:
6-7 банани

Подготовка на 3 ролати:

1.Секој ролат подгответе го посебно
2. 5 јајца изматете со миксер со 5 лажици шеќер додека не се добие пенаста содржина
3. Постепено додадете брашно измешано со прашок за пециво
brzi-biskvit
4. На дното на тепсијата за печење поставете мрсна хратија
5. Печете во загреана ррерна на  180 степено околу 15 минути.
6.Веднаш штом ја изведите тортата завиткајте ја во ролат и оставете ја да се излади
7. Постапката повторете ја со останатите 2 торти.

Ролати
8. Кога ќе се изладата извадете ја мрсната хартија и премачкајте го секој ролат со мармелад од јагоди
rolat-sa-marmeladom
9. Ролатот исечете го на парчиња
krugovi-rolata

Фил од ванила

1. Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер
2. Додајте 200 ml млеко на смесата, кратко измешајте. Остатокот од млекото ставете го во тенџере на оган и сварете го.
3. Додајте брашно во смесата која ја мешавте со миксерот.
4. Во врело млеко додадете ги претходо измиксираните состојки и продолжете да ги подготвувате на тивок оган.
5. Оставете да се излади смесата
6. Во изладената содржина која доби налик на пудинг додадете го путерот и мешајте на собна температура со лажица се додека не се соедини смесата.
vanilin-krema

Составување на тортата со ролатите – се поставува во следниот редослед:

1. ролат –фил – сецкани банани –фил
2. ролат –фил – сецкани банани –фил
3.ролат – декорација
prvi-red

zavrsni-rolat

Декорација

Тортата се глазира со чоколадо и се декорира по избор.
Страничните делови се премачкуваат претходно со шлаг пена пред глазирањето.

 

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...