Почетна / Здравје и исхрана / Есенски благодет: Костени!

Есенски благодет: Костени!

Есенска намирница чиј мирис се шири низ улиците. Се разбира тоа е костенот. Тој има здравствени придобивки и во последно се повеќе се применува во солените и слатките десерти.

Еден плод на питомиот костен содржи преку 50% вода, белковини и јаглехидрати, додека неговата главна состојка е скроб. Исто така, костенот е богат со калциум, магнезиум,хлор, бакар, мангам но содржи и фосфор и витамини од Б групата.
Печењето на костените по улица започнало уште во стариот Рим, а денес се користи во разни вкусни рецепти. Десерт кој ние ви го препорачуваме секако е костен торта.

Инаку, печениот костен има поголема енергетска вредност, повеќе белковини, масти, витамини и двојно поголема количина на јаглехидрати. Исто така, содржи витамин Е и фитохемикалии кои се застапени во варениот костен. Макар што варениот костен содржи поголема количина минерални состојки.

Заради високата содржина на скроб, костенот може да се иситни како брашно, па да се помеша со бело или интегрално за правење на леб, тестенини, колач или на пример њоки.
Кога купувате костени, обрнете внимание да бидат цели и на кората да немаат дупчиња, а не треба да бидат ни влажни.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...