Почетна / Диети / Есенска детоксикациска диета

Есенска детоксикациска диета

Есента е годишното време кое ни носи многу здрави и вкусни намирници кои ќе Ви помогнат правилно да се храните, да го забрзате метаболизмот, но и да ја спроведете детоксикациската диета која и е потребна на Вашиот организам. Иако постои тенденција дека е ова време кога се јаде помалку овошје отколку во летото, важно е и сега да ја задржите навиката за внесување на витамини во Вашето тело. Овошјето и зеленчукот ќе овозможат да бидете сити некое време, и ќе Ви помогнат во губењето на килограмите.

Добрата работа е што овие намирници можете да ги сложите на повеќе начини ( печени крушки и сливи) и слободно можете да го додадете медот. Кај детоксикацијата е најважно да го намалите внесувањето на токсини во организмот. Тоа значи да го ограничите внесувањето на шеќерот, алкохолот, храната која е полна со конзерванси и адитиви, месо, јајца и млечните производи. Акцентот се става на намирниците кои содржат влакна и со тоа ја поттикнуваат варењето на храната (свежото овошје, брокула, зелка, лук, морков…).

Важно е и да внимавате и на храната која ја носите на работа. Доколку подготвувате сендвич за на работа, секогаш можете да подготвите сендвич во кој ќе додадете салата и зеленчук. Кога подготвувате пица, направете ја така да во себе содржи повеќе зеленчук, а што е можно помалку сирење.

Меѓутоа, пред да почнете со било каква диета, најдобро е да донесете одлука за долгорочен и здрав начин на исхрана. Еден од најдобрите за почеток на урамнотеженото слабеење е правилниот режим на исхрана. Нутриционистите препорачуваат дека е добро да се запишува се она што ќе го изедете во текот на неделата. Тоа ќе Ви помогне да одредите кои намирници Ви одговараат и кои би требало да ги исфрлите. Есента е погодна за ваков начин на слабеење токму поради разновидните намирници.

Вежби со тегови     

Иако возењето на велосипед и трчањето се ефикасни, добри се и вежбите со тегови. Размислете како би можеле ова вежба да ја сместите во Вашиот секојдневен распоред. Ваквиот вид на вежби ја активира главната група на мускулите во Вашето тело, а тоа е еден од ефикасните начини како телото да го потроши вишокот на калории. Тренингот со теговите исто така ја забрзува работата на метаболизмот, па дури и кога седите и ги изведувате овие вежби ги трошите калориите. Фитнес тренерите ја препорачуваат оваа вежба да се изведува најмалку 3 пати во неделата по 20 минути.

Есенските намирници         

Воопштено, есента ни донесува многу овошје и зеленчук, а како и во текот на целата година внимавајте при консумирањето на благите работи и на внесувањето на доволното количество на течностите во денот. Овошје и зеленчук кој ќе Ви помогне во одржување на телесната тежина и во чистењето на Вашиот организам во есента се׃ јаболко, тиква, брусница, цвекло, урми, карфиол, семки од тиква, крушки, шипка, мандарини, брокула, синиот патлиџан, зелка …

 

Ви преставуваме еден вид на диета за есен во која се вклучени различни намирници, а најмногу различен зеленчук кои се подготвува во повеќе варијанти׃ варен, печен, во вид на салата итн. Овој вид на исхрана е добар начин за детоксикација, затоа што со чистењето на организмот ќе ги отстраните штетните материи во Вашето тело. Редовната детоксикација на организмот е потребна на сите, затоа од време на време обрнете внимание и на тоа. Имајте во предвид дека програмите за детоксикација траат три до седум дена и не смеете да претерувате со строгиот режим на исхраната.

Есенска диета

 

Утрински појадок    

Каша од зоб без млеко со суво грозје и јатки (можете да додадете мед), парче леб, чај или млеко.

10 грама свежо сирење со павлака, парче леб, чај или млеко.

Ручек       

Салата од зеленчук со малку масло, неколку парчиња леб, овошен сок или јаболко.

Супа од зеленчук, риба или пилешко месо ( 150 грама ), зеленчук (може и варен компир), неколку парчиња леб, јаболко, сок од зеленчук или овошје.

Попладневна ужина׃ банана или 2 јаболка

Вечера׃ торта од сирење или салата од зеленчук, чај или млеко

Еден час пред спиење добро е да изедете едно јаболко или јогурт.

 

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...