Почетна / Совети за здравје / ЕПИЛЕПСИИ: (Дефиниција, патофизиологија, класификација, етиологија, епидемологија, дијагностика и терапија)

ЕПИЛЕПСИИ: (Дефиниција, патофизиологија, класификација, етиологија, епидемологија, дијагностика и терапија)

Дефинирање

Интимните механизми на епилепсијата се екстремно комплексни, така  што недостасуваат сеуште многу сознанија за разрешување на енигмата наречена епилепсија. Постои  фундаментална разлика помеѓу  поимите:  епилептична криза и епилепсија.

Епилептична криза: 

Kратка клиничка манифестација на пароксистичка хиперактивност на една група мозочни неврони. Таа има свој почеток, сосема добро дефиниран во време и крај. Може да се манифестира со абруптна модификација на состојбата на сознанието, со моторни,  сензитивни сензориелни или психички феномени. Ова значи дека патолошкиот дешарж може да го афектира, било целиот кортекс, кога кризата ќе биде генерализирана, или пак само една регија во кортексот кога кризата ќе биде парциелна. Према ова епилептичните кризи можат да имат најразлична клиничка семиологија.

Епилепсија:

Услов при кој епилептичните кризи, дефинирани погоре, имаат тенденција да се повторуваат спонтано, хронично.Со други зборови речено, епилепсијата е хронична болест. Према дефиницијата на Светската здравствена организација епилепсијата е дефинирана како: мозочна хронична болест која има различни етиологии и која се карактеризира со рекурентни кризи врзани за ексцесивен дешарж на мозочните неврони. Понатаму, према истата дефиниција, епилепсијата е повеќе една група на синдроми , отколку една болест .

Епидемиологија на епилепсиите

Преваленција: 0,5 до 0,8 од општата популација, или 1 болен на 200 жители. Во Македонија има околу 25000 до 30000 пациенти.

Инциденција: 1 нов болен на 2000 жители. Во светот  околу 60  милиони  пациенти. Од   овој број 70%  се  темпорални епилепсии,  10 %  екстратемпорални и 20%  идиопатски

neuromedika logo new

Фактори: зголемен травматизам  краниоцеребрален; Продолжена  старосна граница  на  живеење; Малнутриција(плуривитаминска  каренца) во сиромашните  земји.

Електрофизолошки и биохемиски карактеристики на епилепсиите

Појавата на еден епилептичен дешарж упатува на постоење на конституционално пореметување на невроналниот ексцитабилитет на една група  неврони во мозочното ткиво и тоа во сивата маса. Денеска, према најновите сознанија за епилептоген се смета петиот слој на мозочната кора.

Класификација на епилепсиите

Првата класификација, сеуште многу  употребувана ги дели епилепсиисте во три групи:

  1. Симптоматски епилепсии (постои етиолошки фактор кој е идентифициран)

Симптоматските епилепсии (околу 75% до 80%) се предизвикани од егзогени акцидентални лезии:  акутни инфективни, или васкуларни секвели, тумори, травматски повреди – контузии на мозокот. Некои од овие аквирирани лезии можат да бидат превенирани. Овде се мисли пред се на инфективните болести и аноксо-исхемичните  пери и постнатални акциденти. Во земјите во развој овие секвели се многу чест етиолошки епилептоген фактор, за разлика од индустријализираните и развиените земји.

  1. Идиопатски епилепсии (нема етиолошки фактор, хередитетот присутен)

Идиопатските епилепсии , кои претставуваат околу 20% од епилепсиите кај деца и околу 10 до 15% од епилепсиите кај возрасните, многу се корелирани со генетската предиспозиција.

  1. Криптогени епилепсии (факторот е суспектен, но не е идентифициран)

Кај криптогените епилепсии причина постои, но таа е скриена, за сите досега познати  неуро радиолошки, неурофизиолошки и метаболитни инвестигации. Овде спаѓат сите епилепсии кои не можат да се вбројат во ниту една позната идиопатски форма на епилепсија, обратно,  имаат симптоматски карактер.

Етиологоија  на епилепсиите

Сите епилептични кризи се резултат на поврзување на генетските и аквирираните фактори. Зависно од случајот едниот или другиот од овие фактори е предоминантен. Кај епилепсиите кои се генетски детерминирани, егзогените фактори ја фаворизираат експресијата на болеста. Вероватно е и дека, генетските фактори го диригираат епилептогениот  потенцијал на структурните лезии на централниот нервен систем.

Аквирирани фактори (стекнати во текот на животот)

Пре и перинатални фактори

Пренаталните и перинаталните фактори се екстремно варијабилни. Голем дел  од пери и пост наталните фактори значително се намалија, во однос на пренаталните фактори, поради прогрес на обстетрицијата и перинатологијата. Од пренаталните ќе цитираме:

  • малформации: аномалии на гирацијата, како шизенцефалијата, лизенцефалијата, пахигиријата, полимикрогиријата; понатаму, аномалии на неуроналната миграција: арахноидални цисти, комплексни малформации на пример синдромот на Аицарди
  • васкуларни церебрални акциденти кои се појавуваат за време на интра утериниот живот, со формации од типот на поренцефалични кавитети
  • инфекции на централниот нервен систем (токсоплазмози, цитомегаловирози)
  • медикаментозни интоксикации пренесени од мајката на фетусот

За време на неонаталниот период :

  • исхемични и хипоксични енцефалопатии
  • спонтани интракранијални хеморагии, или пак провоцирани со травматизам,
  • церебрални контузии (обстетрицијален травматизам)
  • церебро менингеални бактериелни инфекции (листериоза, хемофилус инфекции) или вирални инфекции (херпес симплекс)
  • метаболни пореметувања (хипокалцемија, хипогликемија, хиперамониемија)
  • токсични енцефалопати (седативи со долг полуживот, консумирани од мајката за време на бременоста).

Инфективни  болести

Инфекциите на централниот  нервен систем  можат да провоцираат кризи кај сите возрасти.

Кранијален  травматизам

Појава на кризи после кранијален травматизам кој предизвикува церебрални лезии е факт познат уште од античко време. Многу честа после втората световна војна (25-30% голем  број од овие кризи биле хистерични), травматската епилепсија е многу  поретка во “цивилниот“ секојдневен живот (0,5 до 5%). Кризите можат да бидат од два типа:

  • рани кризи, кои се појавуваат во првите денови после травмата. Тие се почести во колку повредата била потешка, но не е правило да се повторуваат
  • касни кризи, кои се појавуваат во првата недела, кој всушност и ја претставуваат правата епилиепсија

Мозочни тумори  

Ретко кај децата, но во 10 до 15% кај возрасните туморот може да биде епилептоген фактор и тоа над 50% од случаевите еволуцијата на супратенториелните  тумори е придружена од епилептични напади.

Церебро васкуларни болести

Кортикалните епилептогени секвеларни цикатрикси од васкуларните церебрални акциденти ја чинат најфреквентната етиологија на епилепсиите кај возраста над 60 години. Разликуваме рани кризи, во акутниот период на акцидентот и касни кризи, резултат на атрофичните секвели.

Токсични, метаболнитни и медикаментозни фактори

Повеќето од овие фактори се имплицирани во провокацијата на изолирани кризи, врзани за еден транзиторен епилептоген контекст. Психотропните лекови можат да декланшират кризи со два механизми:

  • хронична импрегнација со неуролептици, или антидепресори, или пак предозирање со антидепресори или литијумов карбонат
  • релативен или абсолутен прекид на психотропни лекови кои се антиепилептици (бензодиазепини, барбитурати).

Потенцијални епилептогени лекови: теофилин, цклоспорин, изониазид, пеницилин парентерално во големи дози. Кај болни од епилепсија добро  контролирани кризи можат да предизвикат: мефлокин и некои вазоконстриктори. Кај токсикоманите: кокаинот и амфетаминот можат да предизвикат кризи. Исто така и некои тешки метали: олово, манган, метанол, органофосфорни соединенија можат да предизвикат епилептични кризи.

Метаболитни фактори

Акутните модификации на гликемичниот и електролитниот еквилибар особено се епилептогени: хипогликемии, хипергликемии со хиперосмоларитет, хипонатриемии, хипокалцемии;  уремични енцефалопатии; хепатични инсуфициенции; аноксични енцефалопатии; акутни порфирии.

Демиелинизантни болести на мозокот

Мултиплата склероза кај 1,3-10,8 % може да биде асоцирана со кризи. Сличен е случајот  и со Алзхеимеровата деменција и хореа Хунтингтони.

Дијагностика

  • ЕЕГ, видео–ЕЕГ
  • Неуроимагинг методи: КТМ, МНР,ПЕТ,СПЕКТ
  • Спектроскопија со МНР
  • Волуметрија
  • Перфузија
  • Дифузија

Терапија

  • Антиепилептици
  • Хируршки третман
  • Кетогена диета
  • Вагус стимулација

 

Проф. Д-р. Методи Чепреганов

Специјалист по невропсихијатрија и епилептологија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/2 042-323

www.neuromedica.com.mk

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...