Почетна / Здравје и исхрана / Енергија од чинијата

Енергија од чинијата

За зачувувањето на физичката и менталната кондиција неопходно е да во исхраната внесувате доволно витамини и минерали кои на организмот му дават сила. Одредена храна е посебно пожелна.  

Доколку овие дена се чувствувате уморно, проверете дали доволно внесувате витамини и минерали кои на организмот му даваат снага. Најдобри чувари на физичката и менталната кондиција се:

Магнезиум   

Неопходен е за пренесување на нервните импулси и контракција на мускулите. Последиците од недостигот се зголемениот ризик од срцевите заболувања. Го содржат производи од интегралните житарки, сусам, семки од тиква, зеленчук, јатките, риба и месо.

Железо   

Недостиг на овој минерал најчест е причинител на хроничен замор, малаксалост, анемија и поголемата подложност на инфекции. Го има во црвеното месо, џигерот, коњското месо, интегралниот леб, црвеното овошје, зеленчукот, смоквите и јатките.

Витамин Б3   

Овој витамин воспоставува рамнотежа на нервниот систем, ја подобрува концентрацијата и помнењето. Најмногу го има во речната и морската риба, квасецот, млекото, јатките, зелениот лиснат зеленчук.

Витамин Б1   

Ги претвора јаглените хидрати во енергија, го зајакнува нервниот систем и го стимулира растот. Последиците од недостигот се нервоза и раздразнетост, слаб апетит, пореметувањето на сонот. Најмногу го има во свинското месо, производите од интегралното брашно, грашокот и гравот.

Витамин Б6   

Го стимулира производството на еритроцитите и работата на мозокот. Се наоѓа во сојата, џигерот, месото, рибата ( посебно во лососот ), зелениот зеленчук ( зелката, спанаќот ), квасецот, житарките, компирот, морковите, јатките и бананите.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...