Почетна / Совети за здравје / Енергетски напивки – да или не?

Енергетски напивки – да или не?

Брзиот темпо на живеење, недостиг на квалитетен сон, напорната работа, потреба секогаш да се биде на висина на задачата, желбата да се отстрани стресот со инстант метода, подобрување на меморијата и будењето на концентрацијата, ги тера некои луѓе да посегнат по брзите решенија за обновување на енергијата, маркетиншки, сугестивно спакувано во лименка. Креативните се наметнуваат во осмислувањето на називот на лименката, а и рекламите.

Каде настанале овие напивки?

Изворно потекнуваат од Азија и се јавуваат околу 1963. година. Напивка која имаше вкус на густ шуруп најпрво го консумираа јапонските деловни луѓе пред заминување на состанок со цел да се задржи будноста и концентрацијата. Австријците 1987. година првпат го преставија нивниот енергетски пијалак. Во Германија и Англија почнува продажба дури 1994. Година, а во Франција 2008. година се дозволува продажба на енергетски напивки со јасни ознаки за ограничена употреба.

Што содржат?

Кај сите производители, составот е сличен. Состојките се: шеќер, кофеин, таурин, витамини, овошни концентрати, конзерванси, ЦО2, глукоронолактон, ефедрин ( поретко ), билни додатоци.

Шеќер – гликоза и фруктоза освен што даваат чувство на благо, брзо се ресорбираат од дигестивниот тракт и понатаму се вклучуваат во циклусот на гликолизата.

Кофеин – нема никакаква нутритивна вредност. Преставува органско единеније со билно потекло. Природен е психо стимуланс. Може да се изолира од зрно кафе, чај, зрното какао.

Таурин – органска киселина, главната состојка на жолчката. Се наоѓа во мајчиното млеко, пилешкото месо, риба. Човековиот организам произведува 120 милиграми таурин на ден.

Витамини – во корист на производството на здрави состојки на напивката, производителите често додаваат витамини од Б комплексот. Мерењата покажаа дека тие количества се занемарливо мали во однос на вистинските потреби на човекот.

Глукоронолактон – често се наоѓа во енергетските напивки, а него организмот природно го произведува.

Билни додатоци – можеби дури и основниот додаток, билката гуарана (Paullinia cupana ) содржи поред метилисан ксантин кофеин и други ксантини како што се теобромин и теофин, а содржи и танини. Во Европа на пазарот се наоѓаат во облик на прав за подготовка за гуарана чај за продолжување на будноста. Тука се уште и Гинко, Гинсенг, Ехинацеа.

Ефедрин – клинички е докажан како силен стимулатор на работата на срцето. Има краткотрајно делување. Брзо се разградува во помали фрагменти кои го губат претходниот потенцијал. Тој инаку клинички се користи за стимулацијата на кардиоваскуларниот систем.

ШТО НЕЧИНИ?

Количината на состојќите поголема од прифатливите!

Кофеин – различно делува на луѓето во зависност од полот и возраста и природната осетливост. Под умереното внесување за возрасни се смета количество од 3 милиграми кофеин на килограм телесна маса. Лименките имаат висока содржина, а се движи од околу 80 милиграми по лименката или преку 300 милиграми/л, а тоа е многу повеќе од кофеинот во просечната шолја за кафе, дупло повеќе во однос на шолја чај и 2-3 пати повеќе во однос на содржината на кофеин во безалкохолните напивки.

Taurin – постои дозволена граница. Та граница изнесува 3000 милиграми дневно. Вишокот се излачува преку бубрезите, но за прекумерното внесување малку се знае.

Глукоронолактон – на дневното ниво се произведува 1-2 милиграми од ова супстанца. Со енергетските напивки се внесува 840-1880 милиграми.

Што работаат енергетските напивки во нашиот организам?

Шеќер обезбедува големо количество на енергија која е потребна за работа и дополнителни напор. Витамините од Б групата потпомагаат да се ослободи енергијата од шеќерот. Кофеинот создава пријатно чувство на топлина, го стимулира нервниот систем, дава убаво расположение, ја зголемува будноста и концентрацијата. Но прекумерното консумирање предизвикува немир, пренагласена емоционална реакција, забрзаното срцебиење, зголемување па намалување на крвниот притисок … Тауринот учествува во мускулната контракција што доведува и до краткотрајното зголемување на силата на срцевиот мускул.

Некои доктори наведуваат како последица на консумирање на енергетските напивки: пореметување на срцевиот ритам, неконтролирана хипертензија, па дури и компликација во врска со ѕидот на аортата.

КОБНА КОМБИНАЦИЈА

Енергетска напивка + алкохол. Што се случува? Алкохолот и енергетската напивка  предизвикуваат дехидратација, а таа може да го спречи организмот да го метаболизира алкохолот и така го зголемува токсичното влијание на алкохолот. Ова комбинација не дозволува на време да  се процени колкава количина на алкохол се има испиено, па пијанствата се чести.

ЗАБЛУДИ

Енергетските напивки обезбедуваат прилив на енергија. Да, но краткотрајно. Дејствувањето на кофеинот е со краток рок, трае неколку часа што не ги задоволува потребите на консументот, па затоа тој посегнува по ново количество. Редовната употреба доведува до развој на толеранција, а прекинување може да предизвикува бурна реакција, што пак консументот го турка напред во замка на повторното консумирање.

Енергетски напивки ја подобруваат физичката спремност – кофеинот има диуретично дејство и така го поттикнува губењето на течности од организмот што пак негативно влијае на физичкиот капацитет во текот на некоја спортска активност.

Енергетските напивки можат да го заменат појадокот – ова напивка обезбедува калории пред се од шеќерот, даваат нешто малку витамини, но никако не можат да бидат третирани како појадок, затоа што нема ниту доволна количина на протеини, ниту билни влакна, како ниту други состојки кои се потребни за нормалното функционирање на човековиот организам.

ОНА ШТО Е ДОБРО ( или што би требало да биде )

Сите производители задолжително се обврзани да на пакувањето стават предупредување за максималната дневна препорачана доза на нивните производи. На сите производи од овој тип истакнато е дека не смеат да се комбинираат со алкохол и други активни супстанци. Исто така би требало да се истакни и ова: Не се препорачува да консумираат оние луѓе кои се осетливи на кофеин, заболени од шеќерна болест, бремени жени, доилки, како ниту луѓе со срцеви заболувања.

Стручњаците (EU Scientific Committee on Food) не гледаат посебна загриженост по прашањето на одредени состојки, но сепак се согласуваат во едното: некои последици можат да се појават доколку енергетските напивки се консумираат во количини кои се поголеми од препорачаните.

Извор: Šta jedemo

Проверете и

10 неочекувани причини да пиете повеќе вода

Со празниците зад нас и здравите навики во нашите умови, многумина се уште тагуваат за ...