Почетна / Совети за здравје / Елиминирање на болките и компликациите при Орално-хирушки интервенци

Елиминирање на болките и компликациите при Орално-хирушки интервенци

На оваа тема пишува Спец. Д-р Тодор Стаменковски специјалист по орална хирургија и имплантологија во Полиликлиника НЕУРОМЕДИКА.

Секојдневната орално – хируршка пракса, вклучувајќи ги и потешките оперативни интервенции бараат вештина и познавање на терапевтот да се справи со подоцнежните постоперативни  компликации во кои спаѓаат:

  • Болка
  • Тризмус (ограничено отварање на уста)
  • Едем (оток)

Големата палета на лекови и фармацевтски средставa за редукција на овие  компликации содржат кортикостероиди во својот состав.

Со примена на кортикостероидите кај постоперативниот морбидитет кај потешки орално-хируршки интервенции значително се намалува болката и можноста од постоперативни компликации. Кортикостероидите се класа на стероидни хормони кои се произведени од надбубрежната кора и се вклучени во голем број на психолошки функции како што се реакција на стрес, имунолошка реакција и контрола на воспаленија, метаболизам на јаглехидрати, катаболизам на протеини и др.

neuromedika logo new

За време на орално-хируршките интервенции, инфламацијата е редовна и неизбежна појава. Стероидите ја инхибираат формацијата на архноидалната киселина при што демонстрираат силен антиинфламаторен ефеткт инхибирајќи црвенило, оток, болка.

Дексаметазонот како синтетиски глукокортикоид наоѓа широка примена како во медицината така и во стоматологијата во редукција на постхируршкиот морбидитет делувајќи антифлогистичко, антиедематозно и антиинфламаторно.

Потешки орално – хируршки интервенции се сметаат сите интервенции кои траат повеќе од 30 минути и кај кои очекуваме поинтензивна појава на болка, оток, тризмус, а тоа се: апикотомија на повеќекорени заби, импакции, импланти, цистектомија, отоворен синус, потиснат корен во синус, вестибулопластики.

Долгогодишното искуство во користењето на кортикостероидите во секојдневната орално-хируршка пракса, а во согласност со постоечката светска стручна литература од оваа област ни дава за право кортикостеридите секојдневно да ги применуваме во редукција на постоперативниот морбидитет кај потешко орално–хируршки интервенции.

Голем дел од луѓето имаат фобија од посетата на стоматолог и орален хирург токму поради стравот од болка. Современата медицина и фармација константно напредуваат кон тоа да се елиминираат максимално болките и компликации при сите интервенции, се за да луѓето го сменат мислењето и да го надминат стравот од посета на стомоталошки ординации. Најбитно, е луѓето редовно да посетуваат стоматолог за да се делува превентивно на сите дентални заболувања.

Во орално-хирушката амбуланта на Поликлиника НЕУРОМЕДИКА се извршуваат следниве интервенции:

  • Вадење на заби
  • Апиктомија на заби
  • Цистектомија
  • Кортикотомија
  • Жермектомија
  • Синуспластика
  • Реимплантација на заби
  • Туберпластика
  • Хемиресекција
  • Инцизија на апсцеси
  • Циркумцизија и ексцизија на лигавица
  • Вестибупластика
  • Ставање на импланти
  • Аугментација на коска
  • Синуслифт

 

Спец. Д-р Тодор Стаменковски

Специјалист по орална хирургија и имплантологија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/3 133-313

http://www.neuromedica.com.mk/

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...