Почетна / Совети за здравје / Еликсир на вечната младост

Еликсир на вечната младост

Умерената и долготрајната употреба на црното вино го намалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања.

Најзаслужен за ова благотворно дејство на виното е резвератролот, природниот антиоксиданс кои освен во виното се наоѓа и во семката и лушпата на грозјето, во сливата, црниците, шумското овошје. Овој природен антиоксиданс ја спречува оксидацијата на лошиот холестерол. Стимулира синтеза и активност на азотоксидот кој е заслужен за ширењето на крвните садови, што овозможува подобра циркулација на крвта.

Студиите за развератролот покажале дека тој го спречува формирањето на тромбот. Резвератролот има антиканцерогено делување, и го спречува и забавува развојот на канцерот на простатата, желудникот и панкреасот. Посебно е занимливо подмладувачкото својство на развератролот затоа што најновите истражувања покажале дека за 70% го продолжува животниот век, но за сега само кај рибите … Научниците од Харвард докажале дека резвератролот го забавува стареењето така што модулира активност на генот кој го симулира процесот во организмот кој настанува при интензивно гладување. Дали примената на развератролот ќе го забави стареењето и дали ќе го продолжи човечкиот век останува да се испита во некои нови студии на кои се интензивно работи.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...