Почетна / Здравје и исхрана / ЕХИНАЦЕА – ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК

ЕХИНАЦЕА – ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК

Ехинацеа (Echinacea purpurea) е дива билка со розов цвет која потекнува од Северна Америка. Лековитите материи од ехинацеа делуваат имуно стимулативно, што значи дека создава повеќе одбранбени клетки и така полесно се бориме со предизвикувачи на болестите. Ехинацеа е природен антибиотик и доверлив чистач на лимфните клетки.

Ова билка е силен антиоксиданс, има посебно нагласено анти бактериско делување, го забрзува зацелувањето на раните и го зајакнува имунитетот. Наменета е за интензивна и кратка терапија. Во алтернативната медицина ехинацеа важи за извонредно делотворна билка и се користи против многу заболувања. Има крупни цвеќиња и семки кои имаат ситни боцки, поради кои потсетува на еж, а тоа е и незиниот грчки назив. Има повеќе видови на ехинацеа, сите потекнуваат од Северна Америка, а девет видови  успеваат само на овој континент. Сепак од сите нив, лековити својства покажуваат три вида – Echinacea purpurea, Echinacea angustifolia и Echinacea pallida. Сите три имаат розов цвет и содржат исти состојки, а единствена разлика помеѓу нив е застапеноста на корисните материи. Богати се со фенолкарбонски и депсидни киселини, а етеричните масла содржат дури 20 компоненти, помеѓу кои и оние кои во лабораториски услови покажале дека ги уништуваат клетките на тумор. За лекување се користат и надземни и подземни делови на билката и од нив се подготвуваат шурупи, чаеви, тинктури, таблети сокови … Меѓутоа, како би се одредило дозирањето на вистински начин, задолжително би требало да се советувате со доктор или фармацевт, бидејќи во спротивно прекумерната консумација може да предизвика несакани ефекти

Индијанците ја користеле ехинацеа за лекувањето и превенција на воспаление на респираторни органи стотици години пред доаѓањето на европските доселеници. Со почетокот на 19. век ја прифатија и европските доселеници  ја преселиле во Европа. Нејзината популарност во Европа се зголемила откако во средина на деведесеттите во Германија било спроведено истражување со кое се докажала нејзината ефикасност.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...