Почетна / Фитнес и аеробик / Ефикасно согорување калории: Саат време прошетка и половина час трчање!

Ефикасно согорување калории: Саат време прошетка и половина час трчање!

Физичката активност во траење од половина час, пет пати неделно мора да биде составен дел од грижата за вашето здравје. Од друга страна, кога истовремено се трудите да намалите килограми, се препорачува вежбање од најмалку еден час, повторно пет пати неделно – и тоа активно вежбање од кое срцето забрзано чука, а не лесни прошетки до комшиите.

Со оглед на тоа дека сат време трчање прилично е напорно, особено ако сте почетник, брзото одење е секако добра опција. Но, што ако немате доволно слободно време? Дали прошетката од 30 минути би била еднакво корисна?

Губењето на тежина се сведува на намалување на калориите. Губењето на 1 килограм подразбира согорување околу 1000 калории дневно. Исфрлувањето на 500 калории од исхраната во комбинација со вежбање ќе обезбедат сигурен резултат и брзо согорување на калории.

Еве колку калории може да согорите со брзо одење, во споредба со џогирање:

– Прошетка во траење од 1 час со брзина од околу 6km/h: 243 калории помалку;

– Саат време прошетка со брзина од околу 7.5 km/h: 270 калории помалку;

-Трчање во траење од половина час со брзина од околу 9.5km/h : 270 калории помалку

– Половина час трчање со брзина од околу 11km/h:300 калории помалку;

-Саат време прошетка со брзина од околу 7.5 km/h и половина сат трчање од околу 9.5 km/h согоруваат ист број на калории. Но, ако во текот на одењето мора да успорите, нема да согорите толку калории, а ако го забрзате трчањето преку 11 km/h тогаш од таквиот тип вежбање ќе имате повеќе корист.

Дали трчате или брзо одите, наместо да одржувате една иста брзина, подобра опција е да воведувате повеќе интервели со забрзување. Шпринт на секоја минута со брзина од 13.5 km/h не само што согорува 13 калории туку и го забрзува и губењето на масните наслаги од стомакот.

Или, ако не сакате шпринт, одете на терен каде има угорница. Саат време прошетка со брзина од 6.5 km/h на нагорнина од 10% согорува 567 калории! Сепак, ако го забрзате темпото и за половина час трчате со брзина од 9.5 km/h на нагорнина од 5%, ќе согорите 363 калории.

На крај, колку понапорно вежбате, повеќе калории ќе согорите, а тоа е клуч за секој труд да изгубите на тежина.
Џогирањето согорува повеќе калории од одењето, па така побрзо ќе загубите килограми а со тоа и трчањето ќе го засакате повеќе. Па, доколку имате саат време слободен термин, трчајте 30 мин, 20 минути вметнете вежби и 10 минути истегнете се (заради превенција од повреда и болка).

Таквиот интензивен тренинг од саат време ќе ви помогне да ја остварите сакана цел побрзо отколку што очекувате!

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...