Почетна / Совети за здравје / Едноставни правила за фит форма

Едноставни правила за фит форма

Три порции зеленчук и две овошје дневно. Тоа е правилото кое препорачуваат нутриционистите. Но кое овошје и зеленчук да консумираме? Стручњаците препорачуваат: само сезонско. Кога е овошјето во прашање, не постои меѓу сезона, бидејќи денес можете да пазарите и да најдете сите врсти овошје во текот на сите четири годишни времиња. Дали зеленчукот кое не е сезонско задржува иста нутритивна вредност.

Еликсир на здравјето – доброто влијание на овошјето и зеленчукот на здравјето веќе е на сите познато: имаат малку калории, одличен се извор на витамини, минерални соли и влакна. Благодарение на составот, го хидрираат организмот, ја одржуваат рамнотежата на солта, помагаат да ја одржувате телесната тежина, го штитат организмот од деструктивното влијание на слободните радикали кои предизвикуваат стареење на кожата, и регулираат работата на дебелото црево. Но под еден услов: овошјето и зеленчукот мора да ги јадеме свежо.

Повеќе витамини – после внесувањето, количеството на витаминот Ц во организмот почнува полека да опаѓа. На сезонскиот производ му треба малку време да стигни од полето до трпезата и тоа задржува висока концентрација на витамини. Сосема обратно е кај портокалот кој го купуваме во август, бидејќи тие доаѓаат од друг крај на светот ( каде годишните времиња се спротивни од нашите ) и го поминуваат долг пат, и ги губат витамините. Или јаболките кои јадеме во јуни, а набрани се во почетокот на септември.

Повеќе минерални соли – голем број на овошје и зеленчук кои не се сезонски се одгледуваат во стаклениците, каде е потребно ѓубрење за да се постигнат оптимални резултати. Производите се убави на изглед, но се исполнети со вода и концентрирани минерали која е сигурно помала во споредба со сезонското овошје и зеленчук кои се одгледуваат во полето. Увезеното овошје и зеленчук кое не е сезонско често не е ни здравствено безбедно.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...