Почетна / Диети / Еднодневна диета

Еднодневна диета

Овој еднодневен план на исхрана, олеснува намалување на прекумерната течност, го одмара и чисти организмот од тешка храна, па затоа преставува драгоцен одмор за сите органи на пробавниот тракт. Доволно е само еден ден да јадете исклучиво лесна храна и можете да се решите од  надуеноста и да го исчистите организмот од насобраните отрови. Значи шест дена јадете нормално, а седмиот ден внимавајте лесно да се храните. Доколку таков “lajt“ ден го претворите во вообичаен неделен ритуал, што значи 52 диетални дена во годината, ќе опфатите поголем број на дена отколку кога сте на вообичаена диета за слабеење.

Со текот на време, позитивните ефекти ќе се забележат кога ќе застанете на вага, а за месец дена можете да загубите до 3 килограми. Губењето на килограмите е побавно, но резултатите се подолги. Покрај сето ова, со ова едноставна диета ќе го избегнете стресот поради брзото преминување со едниот калоричен мени на друг. Најдобро би било диетата да ја спроведувате секој понеделник, бидејќи за време на викендот организмот најмногу е оптоварен со храна. За ова еднодневна диета секогаш изберете ист ден во неделата.

НАУТРО: витаминот Ц за согорување на мастите

Витаминот Ц е ефикасен во согорување на мастите бидејќи го поттикнува производството на хормони кои што влијаат на побрзо согорување на маснотиите. Тој го подобрува и дејството на железото од другите немирници.

Дозволено

Мусли со снегулки, свежо овошје и јогурт и задолжително една чаша лимонада од еден цел лимон без додаток на шеќер. Доколку наутро пиете кафе, наместо шлаг користете млеко.

Забрането

Никако не го прескокнувајте утринскиот појадок, бидејќи во тој случај нема да ја раздвижите размената на материите. Сепак избегнувајте ги пекарите бидејќи еден кроасан содржи 250 калории

ВО ПЛАДНЕ: салата за подобра концентрација

Лесен појадок од зеленчук нема да Ве оптовари, а природните зачини го поттикнуваат варењето. Фолната киселина која се наоѓа во зеленчукот, ја подобрува и зголемува концентрацијата, и Ве прави способни за извршување на работните обврски и го креваат расположението.

Дозволено

Голема салата од зеленчук, супа, интегрален леб или варени компири. Кој сака риба, може да ја јаде наместо супа во комбинација со свежиот зеленчук.

Забрането

Помфрит, колбаси, сувомеснато месо, пилешко или свинско месо во дополнителен сос. Овие јадења треба да ги избегнувате бидејќи содржат многу маснотија и е многу калорична, бавно се вари и одземаат сила.

ПОПЛАДНЕ: јаглените хидрати враќаат сила

Дневните потреби за јаглените хидрати зависи од физичкото оптоварување, доколку сте повеќе физички активни внесувајте повеќе јаглени хидрати

Дозволено

Потреба за благото може да се задоволи со квалитетни јаглени хидрати од житарките или овошје. Енергијата можете да ја вратете со една банана или со чаша овошен јогурт.

Забрането

Консумирање на слатките производи кои се полни со рафиниран шеќер, како што се чоколадо или бомбоно, бидејќи тие само моментално го креваат нивото на шеќерот во крвта, а последица на нивното користење е глад.

НАВЕЧЕР: чај од камилица со мед за лесен сон

Доколку имате проблем со несоница, избегнувајте да јадете два часа пред спиење.

Дозволено

Сат време пред спиење се препорачува чаша топло млеко, чај од камилица со мед. Можете да испиете и посен јогурт, кои влијае на варењето и следното утро Вашиот стомак ќе биде равен.

Забрането

Помеѓу храната кои не прават да бидеме повеќе будни се авокадо, рибата туна и кафето па навечер треба да ги избегнуваме

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...