Почетна / Здравје и исхрана / Едно јаболко на ден – здравје за цел век

Едно јаболко на ден – здравје за цел век

Јаболкото е овошје со уникатна фитохемиска структура која овозможува поволно влијание од повеќе аспекти врз човековото здравје.

За подобрување на работата на дигестивниот систем – одговорни се целулозата и пектинот. Уште многу одамна е познато дека јаболкото може да се користи и при дијареја и при констипација. Во случај на констипација треба да се консумираат неколку свежи јаболка во текот на ден, а при третман на дијареја треба да се користи печено јаболко.

Во борба против анемија – железото, витаминот Ц и фосфорот од јаболкото се многу важни во превенција на слабокрвноста. Се препорачува свежо исцеден сок од јаболко кој треба да се пие половина час пред оброците и пред легнување.

При ослободување од вишокот на килограми – хранливите влакна на јаболкото, покрај тоа што ја подобруваат работата на цревата даваат чувство на ситост. Олигоелементите и витаминот Ц го спречуваат отпуштањето на кожата при слабеењето. Богатството на органски киселини помага во разградување на вишокот на масти и елиминација на токсините.

За подобрување на имунитетот – го стимулираат создавањето на белите крвни клетки кои штитат од инфекции.

За циркулација – присуството на олигоелементи и органски киселини го подобрува крвотокот. Јаболкото исто така влијае на намалување на нивото на лошиот холестерол.

Одлична за дијабетичари – јаболката содржат фруктоза – само осум проценти. Фруктозата има посладок вкус, но не предизвикува хипергликемија.

За зајакнување на коските – калциумот, цинкот, магнезиумот и витаминот Ц  ги зајакнуваат коските и играат важна улога во превенција на остеопорозата.

За подобро здравје на устата – џвакањето на свежо јаболко Ви овозможува масажа на непцата, а оксалната киселина ги чисти и избелува забите.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...