Почетна / Совети за здравје / Ебола – одговори на најважните прашања!

Ебола – одговори на најважните прашања!

Научниците предупредуваат дека вирусот ебола во краток временски период поминал повеќе од 300 генетски мутации – што би можело да го направи уште повеќе смртоносен!

Што е ебола?        

Еболата е заразен вирус кој моментално се развива во трите земји во западната Африка. Стручњаците и научниците се веќе запознаени со овој вирус во последните 50 години, меѓутоа ова е досега најголем број на заболени од ебола. Вирусот ебола прв пат бил откриен во Демократската Република Конго (тогаш позната како Заир) 1976. година и може да се пронајде во земјите на Африка. Периодичните епидемии се појавувале, но моменталната епидемија во западната Африка која почнала во Гвинеја во март 2014.година е најсмртоносна е во историјата.

Кои се симптомите?      

Симптомите на еболата не се манифестираат веднаш, туку 2 до 21 ден откако личноста е заразена. Симптомите се׃

  • Висока температура
  • Главоболка
  • Болки во телото
  • Повраќање
  • Пролив
  • Крвавење

Што е директен контакт?    

Директен контакт значи дека крвта или телесните течности на инфицираната личност или незиното тело допреле очи, нос, уста или отворена рана на здравата личност. Луѓето исто така можат да се заразат по пат на контаминирани површини и материјали, вклучувајќи ја постелината и облеката.

Што се телесните течности?   

Телесните течности ја вклучуваат крвта, плунката, слузта, изметот, потта, солзите, мајчиното млеко, урина и спермата.

Дали еболата може да се пренесе по пат на кивање?

Можно е еболата да се пренеси по пат на кивање или кашлање, но научниците потврдуваат дека е тоа малку веројатно. Плунката или слузта на заразената личност би морало да влезе во нос, очи, уста или на отворена рана како болеста би се проширила.

Дали еболата можат да ја пренесат комарците?   

Не постојат докази кои би го потврделе ова тврдење. Луѓето, лилјаците, мајмуните и горилите имаат способност да ја пренесуваат еболата, но моменталните докази зборуваат дека комарците и другите инсекти не можат да ја пренесат еболата.

Дали се пренесува преку воздух? 

Моментално не.

Дали може да мутира и да биде пренослива преку воздух?  

И дури до мутацијата доаѓа, стручњаците потврдуваат дека е малку веројатно дека вирусот ќе успее да мутира толку да биде пренослив по пат на воздух.

Дали постои лек? Дали постои вакцина?   

Не постои лек, но напорно се работи на пронаоѓањето. Експерименталниот лек змап користен е како би се третирале поедини пациенти, вклучувајќи ги и два американски мисионери. За сега е се уште нејасна каква беше улогата на лекарството, како ни дали ја има, во процесот на закрепнување на овие пациенти. Неколку лекарства по забрзана процедура се ставени во фаза на тестирање, вклучувајќи го и змап, но сепак стручњаците потврдуваат дека ќе бидат потребни месеци, па дури и година, да се произведат лекарства кои се потребни за контролата на моменталната епидемија.

Започнати се и тестовите на вакцини, но тие само помагаат во заштитата на луѓето кои не се заразени со вирусот. Во овој момент, разликата помеѓу животот и смртта кај пациентот кој е заразен со ебола се сведува на основни интервенции׃ давање на доволни количества на течности, одржување на крвниот притисок и намалување на ефектите на други инфекции кои можат да го ослабат имунитетот. Епидемијата на еболата е специфична по тоа што светот станал глобално село. Луѓето патуваат од еден крај на светот до друг, што во големи мерки му олеснува на заразниот вирус да се проширува. Причина за грижа можете да имате доколку сте биле во контакт со личноста која е веќе заразена со ебола.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...