Почетна / Диети / Дуканова диета

Дуканова диета

Кога познатиот француски нутрициониста др. Пјер Дукан ја преставил својата диета пред 10 години, книгата за брзо стана најпродавана во Француска, правејќи вистинска револуција во исхраната. Денес, повеќе од 1,5 милион луѓе ужива во резултатите од ова диета.

Дуканова диета подразбира четири различни програми на исхрана по фази. Првата фаза вклучува брзо губење килограми, потоа и следните три фази со кои се постигнува урамнотежен, едноставен и долготраен режим на исхрана, кој овозможува килограмите да не се враќаат. За сите четири фази е карактеристично што се внесуваат само протеини. Можеби се чини дека наликува на Аткинсоновата диета, Дуканова диета е сепак поинаква. Дукан објаснува дека не му била целта луѓето да бидат доживотно на диета, и дека тоа би било невозможно, затоа што во храната треба да се ужива. Наместо тоа, се одлучил за нов начин на исхрана која постепено се менува.

Протеински ден

Ако се придржувате на овој план на исхрана, Вашата тежина ќе стане стабилна и ќе можете да јадете што и да посакате, со еден исклучок – еден ден во недела, морате да јадете само протеини, Дукан предлага тој ден да биде четврток. Тој тврди да применувајќи го ова правило, можете веднаш да загубите еден килограм, како  и да ги исправите евентуалните грешки кои ги имате направено во текот на неделата.

Дукановата диета почнува со куса фаза на напад, кога ги внесувате само протеините (пилешко месо, месо од мисирка, телешко и говедско месо ), риба, јајца и млечните производи со помалку маст. Трудете се да во текот на ова фаза пиете 1,5 литри вода дневно бидејќи водата дава чувство на ситост. Задолжително воведете 20 минути брзо одење секој ден. Ваков почеток Ви дава сила, и предизвикува драстично губење на килограми и поставува основа за преостанатите три фази. Поради тоа што е екстремно ефикасна, голем број на луѓе можат да загубат и до три килограми во првите пет дена.

Втора фаза

По најмногу десет дена на протеинската фаза, префрлете се на следната фаза, таканаречена комбинирана фаза, каде ги комбинирате деновите кога консумирате само протеини се деновите кога можете да им додадете и зеленчук. Освен измената на протеините и протеини – зеленчук, пет дена можете да јадете само протеини, или протеини со зеленчук ако Ви е така полесно. Во текот на ова фаза зголемете го внесувањето на снегулки од зоб на две лажици, а физичката активност зголемете те ја за 30 минути брзо одење дневно. Продолжете да пиете 1,5 литри дневно.

Третата фаза

Кога ќе ја постигнете идеалната тежина, следи фаза на консолидација, во текот на која постепено додавате следните продукти: леб, овошје, сирење, тестенини. Можете дури и да имате и два слободни појадоци по Ваша желба ( вклучувајќи го и алкохолот, чоколада, во главно храна која ја сакате ) во текот на неделата. Во ова фаза нема да ги загубите килограмите, но нема ни да ги добиете. Целта на ова фаза е да се намали желба за враќањето на стари навики во исхраната и создавање на рамнотежа.

Четвртата фаза

Кога ова фаза ќе се заврши и Вашата тежина ќе се стабилизира, можете до крај на животот да живеете на француски начин, односно да јадете и да пиете што и да посакате, без ограничување, имајќи во предвид само едно правило, четврток мора да биде протеински ден.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...