Почетна / Активен живот / Драги дами среќен Ви 8ми март !

Драги дами среќен Ви 8ми март !

Меѓународниот ден на жената или Осми март е ден посветен на жените и се слави секоја година на 8ми март.

Овој ден настанал како ден на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност помеѓу жените и мажите. Швајцарија е последна земја во Европа која го вовела правото на гласот на жените.

Многумина жени ја застапувале идејата за женските права. Сепак, првиот национален Ден на жени бил обележен на 28 февруари 1909. година САД. Инспирана од американското делување, Германката Луиз Циц предлага организирање на Меѓународниот ден на жените. Како Луиз не била во состојба своите идеи да ги спроведува во дело, иницијативата за тој празник презела германската феминистка и комунистка Клара Цеткин (1857 – 1933). Клара Цеткин се борела за правата на жените од 1889. година.

Првото обележување на овој ден било на 18. март 1911 година во Австрија, Германија, Швајцарија и Данска. Како меѓународен ден на жените, осми март (по прв пат точно одредена дата), бил прифатен 1917. Година. Обединетите нации 1975. година ја прогласиле за Меѓународната година на жените и службено се почнало со обележувањето на Меѓународен ден на жените. Во меѓувреме воведени се и институции како што се породилно, ограниченото работење на жените во трета (ноќна) смена, иста плата за иста работа, право на глас …

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...