Почетна / Совети за здравје / Дознајте кога телото ви кажува дека исхраната ви е лоша

Дознајте кога телото ви кажува дека исхраната ви е лоша

За да се уверите дека во телото ги внесувате потребните состојки кои се неопходни за функционирање и развој, следете ги сигналите кои тоа ви ги праќа. ако приметите промени на телото, тоа би значело дека ви недостига некој од витамините или минералите. Следат и други промени на телото на кои треба да обрнете внимание.

Пукање на кожата на рабовите на усните

Ви недостигаат: железо, цинк и Б витамини, како ниацин (Б3), рибофлавин (Б2) и Б12. Тоа е вообичаено за вегетаријанците зошто поради начинот на исхрана не добиваат доволно железо, цинк, и витамин Б12.

Решение: Јадете повеќе сушени домати, блитва, кикири, мешунки како леќа, пилешко, лосос, туна, јајца, школки и ракови. Апсорпцијата на железо е појачана со витамин Ц, кој исто така помага во борбата против инфекциите. Комбинирајте ги овие намирници со зеленчук како што се брокула, пиперка, зелка и карфиол.

Црвен осип и дамки на лицето ( а понекогаш и на други места), проследени со губење на косата

Ви недостига биотин (Б7), познат како витамин за коса. Доколку јадите сурови јајца, тоа ве прави поранливи зошто протеинот е застапен во нив , познат под името авидин, го подготвува телото за апсорпција на биотин.

Решение: Јадете повеќе варени јајца ( со тоа се деактивира авидинот), лосос, авокадо, печурка, соја, ореви, малини, банана.
Црвени или бели акни на кожата, обично на лицето, рацете, бедрата и задникот.

Ви недостига: есенцијални масни киселини и витамини А и Д.

Решение: Јадете помалку заситени масти, а билни масти или маргарин исфрлете ги целосно од исхраната и зголемете ги здравите маснотии. Внесувајте повеќе лосос и сардина, ореви и бадеми, и семенки од лен и коноп . За витамин А јадете повеќе зелен зеленчук и зеленчук како морков, сладок компир и црвена пиперка. Овој зеленчук има доста бета каротен кое телото го користи за да с добие потребниот витамин. Само 10 минути на сонце ќе ви помогнат да добиете витамин Д – само пазете да не изгорите ако излезете на сонце од 11 до 17 часот.

Трња, пецкање и жарење на рацете, нозете и други места

Ви недостигаат: Б витамини, како фолна киселина (Б9), Б6, и Б12. Овој недостаток е поврзан со периферните живци. Наведените симптоми може да се јават во комбинација со мачнини, депресија, анемија, умор и хормонска нерамнотежа.Решение: Јадете спанаќ, грав, јајца, школки, ракови, пилешко, цвекло и аспарагус.

Грчеви во мускулите, болки во прстите, зглобовите, лактите и стапалата, нозете и грбот

Ви недостигаат: магнезиум, калциум и калиум. Ако редовно вежбате, може да изгубите повеќе минерали заради преголемото потење.
Решение: Јадете повеќе банани, бадеми, лешници, тиква, цреши, грејпфрут, брокула, зеленчук со темни листови, како што е спанаќот и кељот.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...