Почетна / Совети за здравје / Дознајте како кафето му помага на вашето здравје

Дознајте како кафето му помага на вашето здравје

Познато е дека кафето е здраво за срцето, крвните жили и метаболизам, а овој омилен утрински пијалок воедно може да биде и еден од најдрагите состојки од вашите десерти. Дознајте повеќе за позитивните придобивки што организмот ги има од кафето и пронајдете инспирација за следниот рецепт со кој ќе ги воодушевите домашните.

Многу не можат да го замислат започнувањето на денот без него, а освен што немами со мирисот и вкусот, кафето е здраво за срцето, крвните жили и метаболизмот, дури и може да спрече развивање на одредени врсти на рак.

Кафето е богато со минерали, а составот на минерали видливо се разликува кај различните кафиња и начинот на обработка на зрната. Во просек, една шолја кафе содржи 80мг калиум, 3мг калциум, 7мг фосфор и 1мг натриум, а во мали количини и железо, бакар и цинк.

Кофеинот кој се наоѓа во кафето, го стимулира средниот живчан систем. Ја зголемува интелектуалната оштрина, ја продолжува будноста и ја одложува појавата на умор. Ја подобрува визуелната перцепција, ја олеснува координацијата при сложени активности пр.возење автомобил. Со оглед на тоа што го поттикнува и зголемува протокот на крв кафето поволно делува на издржливоста за време на долготрајните активности како што се маратон или бициклизам. Но, преку врвни испитувања кај спортистите строго се регулира внесот на количините на кофеин во крвта или се прави таканаречена допинг контрола.

Шолја кафе после јадење исто така ја поттикнува работата во желудникот бидејќи го зголемува излачувањето на пробиотските ензими. Но, како и со останатата храна и овде придржуувајте се на правилата за умереност и немојте да претерувате со количините на кафе!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...