Почетна / Здравје и исхрана / Доматот – моќен антиоксиданс!

Доматот – моќен антиоксиданс!

Доматот е исклучително здрав зеленчук и би требало да се јаде во што е можно поголеми количества, советуваат стручњаците од Универзитетот во Калифорнија.

Лушпата на доматот е богата со биофлавоноиди, кои помагаат за намалување на алергиски реакции и воспаленија. Овој зеленчук, влијае на хормонот лептин кој влијае на метаболизмот, го контролира апетитот и помага при слабеењето.

Исто така, доматот е голем извор на калиум и витамини: А, Ц, Е и фолна киселина.

Стручњаците од Универзитетот во Калифорнија открија дека каротеноидите од кои најмногу ги има бета каротенот, има повеќе во органски одгледуван домат, отколку во конвенционално одгледуван домат. Бета каротинот од кој се создава и витаминот А исклучително е силен антиоксиданс и ја штити кожата од оштетувањето предизвикано од сонцето.

Студиите покажаа дека консумирањето на доматот го намалува ризикот од тумор на јајниците, кардиоваскуларни заболувања, астма и хронични белодробни заболувања.

Ликопенот или црвениот пигмент е уште еден од важните состојќи на доматот кој има анти канцероген ефект.

Мажите кои јадат четири јадења со домат неделно, според некои студии, за 40 проценти го намалуваат ризикот да заболат од рак на простата. Според некои теории таа можност се намалува поради содржината на ликопенот во доматот.

Во споредба со конвенционалното одгледување на доматот, органскиот домат содржи повеќе витамин Ц, а со додавање на маслиновото масло при варењето на доматот, се зголемува апсорпцијата на ликопенот.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...