Почетна / Совети за здравје / ДОМАТ – ЧУВАРОТ НА НАШЕТО СРЦЕ

ДОМАТ – ЧУВАРОТ НА НАШЕТО СРЦЕ

Домат (Solanum lvcopersicum L.) потекнува од Перу, каде што го одгледувале Индијанците пред доаѓањето на Колумбо. Кога Шпанските освојувачи во 16. век го донеле доматот во Европа, многумина го избегнувале поради непријатната миризба на листот и стеблото.

Ликопен кој што се наоѓа во доматот, ни обезбедува заштита од настанување на срцевите заболувања, остеопороза, инфаркт и ја подобрува целокупната состојба на организмот. Значаен е во превенција од малигните заболувања и може да го спречи настанувањето на рак на желудникот, дебелото црево, матката, простата.

Редовното консумирање на доматот е поврзано со здравјето на кожата и косата, зголемената енергија и намалувањето на телесната тежина. . Одржување на ниското внесување на натриум од големото е значење за намалување на покачениот крвен притисок, но зголеменото внесување на калиум може да биде исто така важно поради неговото вазодилатацини ефект а доматот е богат со калиум.

Доматот обилува со витамини Е и Ц, чија што содржина зависи од зрелоста на плодот. Најмногу витамини содржат црвените домати.

Доматот содржи и бакар, а по количеството на железо го надминува дури и пилешкото месо, риба и млеко!

Содржи и органски киселини, како и 1% пектини кои го потикнуваат варењето и спречува делувањето на штетните бактерии. Доматот содржи и бета каротин, а кога молекулот на бета каротин ке се најде во џигертот се претвора во два молекули на витамин А и каротен ликопан, кој на доматот му дава карактеристично црвена боја. Двете супстанци се антиканцерогени, а најмногу ги има во жолтиот домат. Околу 200 грама свеж домат ги задоволува дневните потреби за каротин.

Како нискокалорична намирница одлично се вклопува во диеталниот мени за оние личности кои сакаат да ослабат, а се препорачува за зајакнување на одбрамбениот систем на организмот. Доматот содржи многубројни лековити материи благодарение на кои има и антиоксидансно и антисептично делување, добар е чистач на организмот и диуретик. Се покажал како делотворен во лекувањето на чиревите, митесерите, како и поедини кожни заболувања.

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...