Почетна / Рецепти / Домашно подготвени вкусни и здрави гранола колачи

Домашно подготвени вкусни и здрави гранола колачи

Колку често правите здрави десерти?
Денешниот наш предлог се здрави гранола бар-ови кои веруваме дека сите во домот ќе ги обожаваат.

Потребни состојки:

– 70 гр путер
–  100 грама црно чоколадо или чоколадо за готвење
–  Цело големо пакување гранола мусли со вкус на мед и бадем или овошни по ваш избор
–  1 филџан овесни снегулки
– половина филџан ситно исецкано на коцки сушено овошје (црни сливи и  брусница)
–  неколку лажици мед, за поголема густина се додава дополнително мед по потреба
– сок од 1 исцеден портокал

Путерот се топи во сад над пареа и во него се додава медот. Мешавината се меша се додека не стане конзистентна.
Во еден длабок сад за мешање се истура гранолата, овесните снегулки сокот од портокаал и сушеното овошје. На оваа содржина се додава мешавината од путер и мед. Се меша се додека содржината не почне да се лепи. Тогаш се истура врз плех претходно обложен со алуминиумска хартија за печење.
плех
Се креира мазна површина со дебелина на плочките по желба. Препорачуваме потенки барови затоа што доста ќе излезат од содржината.
плеххх
Оставаме 30 мин во фридижер да се стегне и ги сечеме баровите. Можете да ги исечете на коцки или правоаголници.
бар

Стопете го темното чоколадо и премачкајте ја  исечената гранола во целост или индивидуално секој бар брцнете го во чоколадо.
чоко
Оставете во фридижер повторно 30 тина минути. Одделете ги гранола баровите едни од други и секој бар обвиткајте го во најлонска фолија и ставете го во сад за колачиња во фридижер. Секој пат кога и да ви се пријаде нешто благо ќе го имате на дофат. Најлонската фолија ќе му овозможи на ова вкусно чоколатце да го зачува својот вкус и свежина а ќе трае околу една недела , нормално доколку претходно не го изедете.

Овие гранола барови се калорични и даваат енергија, како и со секоја храна не смеете да претерате со незино консумирање. Една дневно по вежбање или за енергија е одлична.

Проверете и

Овесна каша со банана и кикири- вкусен и здрав појадок за целото семејство

Размислувате ли каков оброк да подготвите за следното утро? Ви препорачуваме да подготвите овесна каша ...