Почетна / Диети / Домашни безглутенски диетални тестенини

Домашни безглутенски диетални тестенини

Диетата без глутен е одлична за секој од нас не само за лицата кои имаат интолеранција на истиот.
Доколку никогаш не сте подготвувале домашни тестенини а посебно не здрави тогаш врреме е да го испробате овој прелесен рецепт за две лица или пак за два оброци за едно лице.
Доколку сакате да направите за повеќе лица, дуплирајте ги состојките соодветно на бројот на лица.
Потребни состојки:
– 2 лажици мелено ленено семе
– 6 лажици топла вода
– 1/4 шоља интегрално брашно или пак брашно од печени леблебии кое може и сами да го направите со толчење или блендирање на леблебии во удобноста на вашата кујна 🙂

Упатство за подготовка:

  1. Во мал пластичен сад измешајте го лененото семе со вода. Оставете да остои 5 минути додека не добие конзистенција на гел.
  2. На даска или на работната површина од кујната истурете го брашното и направете дупка на средината. На средината истурете ја мешавината од вода и ленено семе.
  3. Полека мешајте го составот се додека не се добие тесто. Формирајте тесто во форма на диск и завиткајте го во пластична фолија и оставеете го да одстои на топло околу 30 минути.
  4. Откако ќе поминат 30 минути, во тенџере со вода додадете хималајска сол и оставете да изврие.
  5. На набрашнета подлога измесете го тестото и изрежете посакувани формички.
  6. Тестенините ставете ги во вода која врие. Гответе 2-3 минути или пак дури тестенините не се готови.
    Исцедете и уживајте!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...