Почетна / Совети за здравје / Домашната зимница како лек

Домашната зимница како лек

Туршијата е богата со лактобацили, ензими и витамини и преставува идеална храна која може често да се консумира.
Закиселувањето е многу повеќе од едноставното конзервирање на храната. Се менува вкусот и текстурата на зеленчукот со процес на лактоферментација, за време на кое скробот и шеќерите во зеленчукот преминуваат во млечна киселина. Вака подготвениот зеленчук е корисен за организмот. Многу видови на бактерии кои помагаат во производството на млечната киселина се корисни и помагаат о зајакнувањето на имунитетот.

Лактобацили и млечните киселини позитивно влијаат на дигестивниот процес и тоа на два начини: дополнувајќи ги дигестивните сокови помагаат во разградбата на храната која ја јадеме, а со активирањето на метаболичките процеси ја трансформираат во нови, употребливи супстанци стимулирајќи ја работата на панкреасот, го регулираат нивото на шеќер во крвта, го намалуваат артерискиот крвен притисок, и олеснуваат тегоби при констипација.

Пример за лактоферментација е киселењето на зелката. Најновите истражувања покажуваат дека киселата зелка содржи изотиоцијанати, материи кои го спречуваат растот на малигните клетки: посебно на дојката, дебелото црево, белите дробови и црниот дроб. Овие материи ги нема во пресната и варената зелка. Инаку, киселата зелка е богата со витамини, железо и влакна.

Постојат два начини на киселење: првото е киселење во оцет, каде што малку бактерии можат да преживеат, а вториот во солената вода. Солта ја има задачата да го спречи делувањето на бактериите на гниењето во првите неколку дена, додека не се создаде доволно млечни киселини кои ќе ја конзервираат зеленчукот во текот на неколку месеци.

Постои голема разлика помеѓу зимницата која е подготвена дома во домашни услови и комерцијално произведената зимница. Во индустриската зимница се присутни сулфати како конзерванси, а тие кај децата кои што имаат астма можат да предизвикаат тешкотии при дишењето. Во индустриската зимница има и многу оцет, па е повеќе кисела од домашната и не е толку квалитетна доколку се јаде во големи количества. Кај индустриската зимница, со пастеризацијата на висока температура се забавуваат и запираат ензимските процеси.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...