Почетна / Здравје и исхрана / Домашен сируп за подобар имунитет и дигестија

Домашен сируп за подобар имунитет и дигестија

Ѓумбирот е одличен лек за вознемирен стомак, настинка, вирусни инфекции и инфицирано грло.
Дали го користите често во својата исхрана?

Доколку вашиот одговор е НЕ, тогаш ве советуваме што почесто да го вклучите во вашата исхрана па и на секојдневна основа затоа што е одличен за вашиот организам  и здравје.
Наутро изрендајте околу една лажичка ѓуумбир и додадете го во млака вода со лимон за да имате подобра дигестија, редоовна столица, а можете и да го пието во форма на чај со малку лимон.
Додадете лимон, сусам и ѓумбир врз лосос и печете на средна температура во фолија- овој оброк е здрав и воедно многу вкусен.

Ѓумбирот се додава и во десерти, а одличен е во комбинација со моркови, јаболка, праски и чоколадо.

mézes-gyömbér

За здравствени цели ви приложуваме да го подготвите нашиот денешен рецет за сируп со ѓумбир и мед, еве што ви е потребно за овој рецепт:

  • 1 голем излупен и исечкан на коцки корен од ѓумбир
  • 6 чаши вода
  • 1 кафена шоља со ливадски мед

Ѓумбирот ставете го во тенџере со врела вода на средна температура да изврие од 45 минути до 1 час.
Водата за време на тој период потребно е да се смали до количина од 2 чаши и непомалку од тоа.
Откако ќе го направите овој чекор оставате ја водата во тенџерето малку да излади и процедете ја водата.
Додадете го медот , промешајте со дрвена лажица да се измеша и поклопете го повторно тенџерето и ставете го на оган уште 15 минути на ниска температура.

Добиениот сируп складирајте го во стаклена тегла со капак и чувајте го во фридижер- ќе трае неколку недели во оваа форма. 

Како се консумира сирупот?

  • 1 лажичка од сирупот додадете во чаша минерална вода и додадете капка лимон за подобро варење наутро или во текот на денот
  • во 1 шоља топла вода додадете една лажичка од сирупот и пијте го како лек против настинка
  • додадете 1 -2 лажички од сирупот во сенф и сусам и консумирајте ги со резенки пилешки стек испечени врз скара или пак со парченца печен лосос

Доколку нашиот рецепт ви се допаѓа споделете го со вашите пријатели       😀
215f8e6f7d6030ee85e7a598da126080

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...