Почетна / Рецепти / Домашен пудинг од овошје

Домашен пудинг од овошје

Кога во продавницата ќе го најдете пакувањето на пудинг и го прочитате составот, ќе имате прилика да го видите присуството на ″природни идентични″ ароми и бои, што практично и значи дека пудингот со вкус на јагода или боровинка не содржи овошје туку содржи чиста хемија. Доколку сакате да споредите колку природниот е подобар од вештачкиот, сега е вистинско време за пудинг од вистинско овошје.

Потребно Ви е:  

  • 100 грама замрзнато црвено овошје
  • 500 милилитри вода
  • 40 грама нишесте
  • 50 грама жолт шеќер

Подготовка:   

Варете ја водата во тенџерето. Замрзнатото овошје прелијте го со зовриената вода. Во меѓувреме изматете нишесте во чаша со ладна вода.

Варете го сето тоа неколку минути па додадете нишесте и жолтиот шеќер.

Како смесата ќе се вари ќе забележите дека станува се погуста, и тогаш е вистинско време тенџерето да го тргнете од огнот.

Сервирајте во чаши за пудинг (навлажете ги чашите со ладна вода за да пудингот не се залепи). Кога малку ќе се олади, ставете го во фрижидер. Добар апетит!

Совет:   

Рецептот може да се примени и на свежо овошје (сезонско) но и со мармелад од овошје. Во секој случај, ќе добиете поздрав десерт од она што е во кесичката. Ваквиот десерт е добра и за личности кои постат или не консумираат млечни производи.   .

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...