Почетна / Диети / Домашен пита леб -кора

Домашен пита леб -кора

Познатата тортилја или Индискиот Наан леб имаат и своја верзија и во нашата традиционална кујна а тоа е домашниот пита леб или кора, кој се приготвувал традиционално во фурна, на плотна на шпоре на дрва или пак на плотна на жар.
Со оглед на околностите и начинот на кој денес ја подготвуваме храната постои одлична алтернатива за подготовка,  овој леб може да го подготвите и во тавче за палачинки со сукање на тенка кора и со малку путер на средна топлина со затворање со капак од гораната страна да го испечите и ”алтернативно” ова лепче.
Одличен е за подготовка на сендвичи од типот ”wrap” со мелено месо или пилешко месо или пак за вегетаријански варијатни со печурки, ајвар, зелена залата и варено гравче.

Еве и како да го подготвите ова лепче:
– 1/2 кг брашно
– 1 лажица шеќер
– половина лажица сол
– 1/2 лажица соа бикарбона

Брашното се меси со млака вода во која сте ги растопиле содата, шеќерот и солта.
Се остава да отстои 30 минути откако првично ќе се измеси.
Откако ќе остои уште еднаш се премесува глатко и на рамна површина се тегне во форма на кори.
Секоја кора се тегне да не е премногу тенка ни предебела и се пече на тивок оган врз плотна премачкана со масло или на алтернативно понудениот начин.
Потоа секоја кора се премачкува со намаз по избор.
Ние го избравме овој wrap сендвич за вас:

Потребни состојки:
– пита леб
– зелена салата
– гриловано пилешко на ситни парчиња
– потпечени тиквици од Vipro
– исецкани домат и краставица
– неутрална павлака
– кромид

Состојките се сецкаат и се додаваат по избор.
За да му дадеме шмек на сендвичот избравме да додадеме потпечени тиквици кои го збогатија вкусот и побаавме и репете.
Подгответе го рецептот, ќе уживате

На здравје!

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...