Почетна / Рецепти / Домашен мазник со спанаќ и урда

Домашен мазник со спанаќ и урда

Домашиот мазник традиционално се прави со тегнење на користе кои треба да се минимално тенки и развлечени. Мазникот се пече во тепсија каде полните кори се поставуваат во форма на полжавче

Подготвка:

  • 1/2 кг  брашно
  • вода по потреба
  • 1 квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажичка сол
  • фил: кромид, спанаќ, зачин, урда

    Квасецот се подготвува со малку шеќер и лажица млака вода на топло со цел да стаса.
    Откако ќе стаса во голем сад се истура на средина од брашното, се додава сол и се меси со вода.
    Се остава вака на топло садот да остои тестото додека не накрене околу 30-45 минути.
    Откако ќе накрене тестот се дели на бабулиња во иста големина од кое секое ќе биде кора.
    Корите се сучат и се тегнат до состојба во која ќе бидат тенки како хартија.
    на средина од секоја од корите се додава фил (на малку кромид пропржен се додава претходно обарен спанаќ исцеден од течностите и се пропржува 1-3 минути се додава сол и црн бибер)
    Откако ќе се тргне од оган во тавчето  се додава урда и се меша содржината со цел да биде конзистентна.
    Секоја исучена кора се полни со филот и со помош на платно се витка во мала ролничка. Секоја ролничка се додава во круг во кружна тепсија со цел да се формира мазникот.

    Мазникот се пече додека не се зарумени
    На здравје!

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...