Почетна / Совети за здравје / Добрите и лошите страни на лековите за смирување!

Добрите и лошите страни на лековите за смирување!

Дали знаете што се бензодиазепините? Можно е дека овој поим не Ви е познат, а да во исто време имате некои од таа класа во Вашата домашна аптека. Милиони луѓе во светот трошат раширени и корисни лекарства од групата на бензодиазепини, но за нив не се знаат основните работи: за кои заболувања се индицирани, кога не е препорачливо да се консумираат, кои им се нуспојавите и со што не треба да се мешаат.

За да Ви ја отстраниме неизвесноста ќе Ви откриеме дека бензодиазепини се класа на лекарства во кои спаѓаат голем број на апчиња за смирување, по познати како транквилизанти, седативи, анксиолитици, средства за спиење и хипнотици, при што некои од наведените изрази се синоними. На пазарот има многу бензодиазепини, кои меѓусебно се разликуваат по снагата и брзината на делување.

Делуваат брзо, но не долго …

Популарноста на бензодиазепините произлегува поради нивното брзо делување и доброто поднесување, под услов да се почитуваат мерките на внимание, кои вклучуваат:

  • Краткото време на постојаното консумирање, не подолго од десет дена, а по можност до четири дена.
  • Да не се мешаат два или повеќе бензодиазепини со други седативи
  • Да не се мешаат со алкохол
  • Воздржување од возењето или управување со машини

За жал, многу пациенти не ги почитуваат овие препораки, дури и некои доктори ги кршат препораките за временското ограничено препишување на бензодиазепинот. Бензодиазепинот брзо ја смирува стресната состојба и во поголемите дози воведуваат во сон. Но, по неколку недели, нивното делување слаби, па за еден поволен ефект потребни се повеќе дози. Поради постапната толеранција на лекот, после месец или два на терапија со бензодиазепин, пациентите кои патат од несоница воочуваат дека претходната доза не им е доволна за да заспијат или да се чувствуваат спокојно.

Дополнителен проблем кај хроничното консумирање на бензодиазепините е создавање на зависност. Кај моменталното престанување на консумирање на бензодиазепините пациентот може да има апстиненциска криза. Најчести симптоми се несоница, нелагодност, вознемиреност, раздражливост, болки во мускулите, мачнини во желудникот. Ова непријатна состојба се споредува со она состојба кога алкохоличарите или пушачите се обидуваат да се откажат од овие пороци.  Значи на пациентите ќе им биде тешко да престанат да го консумираат лекот, но ќе им биде се потешко доколку подолго го консумираат.

Несакани ефекти

Голем број на нуспојавите на бензодиазепините се мали, под услов да се пациентите придржуваат кон упатствата. Кај помалиот број на пациентите се јавува мускулната слабост, менталната дезорјентираност, тешкотии во помнењето, главоболки …

Се случува да личностите во одреден период од денот имаат некоја обврска и се одлучуваат да ја сработат, иако делувањето на лекот не поминало. Таквата состојба е плодна почва за грешки и несреќни случки. Уште е полошо доколку бензодиазепините се комбинираат со алкохол. Комбинација на овие средства можат да доведат до смрт, што за жал им се случило на популарните пеачки Amy Winehouse и  Whitney Houston.

Долгорочно решение

На голем број на личности кои патат од анксиозност не им е доволна терапија со средствата за смирување во текот на еден или два месеци, затоа што е можно да имаат длабоко вкорената анксиозност или се изложени на долгорочни стресни околности. Уз тоа, луѓето кои се заболени од анксиозност воедно имаат и депресија, па средствата за смирување можат да им наштетат. Во секој случај потребно е да се барат и други терапевтски опции.

Смирување од природата

Во случај на хроничната анксиозност или несоница, успешно се применуваат билните средства кои имаат хемиски својства кои се слични на синтетичките средства за смирување.

Валеријана ( Valeriana officinalis ) е билка која има пријатен мирис и загарантирано смирува и заспива. Се консумира во облик на чај, тинктура или екстракт.

Пасифлора (Pasiflora incarnatа) е исто така од голема помош и кај стресните состојби. Некои билни лекарства содржат и валеријана и пасифлора, па така делуваат заеднички.

Нана (Mentha) има широк распон на делување, па помага кај психичката напнатост, грчеви во мускулите и проблемите со желудникот, а најчесто се користи во облик на чај.

Популарниот кантарион (Hipericum perforatum), кој е примарно антидепресив, но делува и против анксиозноста.

Без оглед за кој билни препарат се одлучите, пред нивното користење потребно е да се советувате со докторот за да се избегнат можните штетни интеракции со лекарствата.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...