Почетна / Здравје и исхрана / Добра дигестија = посреќни луѓе

Добра дигестија = посреќни луѓе

Нашиот дигестивен систем напорно работи во текот на секој ден за да ги разгради намирниците кои ги внесуваме во нутриенти и отпад. Оваа важна задача е многу полесна доколку е поддржана од страна на добри навики во исхраната, хранливи намирници, регуларна физичка активност и слично.

Но дури и да вежбаме и да уживаме во бенефитите на добрата здрава исхрана, сеуште би можеле да се соочиме со недостаток на важни нутриенти кои служат за поддршка на нормалната, здрава дигестивна функција.
Голем дел од храната која ја јадеме денес има редуцирана нутритивна содржина во додаток на конзерванси, адитиви, вештачки бои и вкусови, па дури и хемикалии кои ние не ги гледаме ( а се користат во конвенционалната практика на огледување на овошките и зеленчукот па и достапни се во самата почва поради бројните ѓубрива за заштита) кои може да предизвикаат нарушувања во дигестијата.
Не е ни чудно зошто многумина се соочуваат со дигестивни проблеми и болки во желудникот.
Ако правилно не се вари храната, организамот не ги добива потребните нутриенти, што доведува до опаѓање на eнергијата, лошо здравје и забрзано стареење.

Дали доволно се грижите за добрата функција на својот дигестивен систем?

Како поддршка за доброто варење на храната постојат најразлични ензими, пробиотици, витамини и други нутриенти кои може да го одржуваат здравјето и доброто функционирање на овој систем.
Кои нутриенти треба да се внесуваат со цел да се одржува здравата дигестивна функција?

  • Витамини – Витамините се есенцијални за сите функции во телото, затоа не треба да не изненадуваат податоците дека тие се од особена важност и за доброто функционирање на дигестивниот тракт. Б витамините играат важна улога при поддршката и генерирањето на енергија од храната која ја јадеме. Витаминот Ц исто така е важен нутриент за сите ткива па и оние во дигестивниот тракт.
  • Минерали – Минералите се важни за здрава и нормална дигестивна функција. Калиумот и други минерали кои делуваат како електролити се неопходни за соодветна мускулна контракција и релаксација што всушност е начинот на кој цревата го елиминираат отпадот од организмот.
  • Чаеви – Горчливите чаеви ја стимулираат продукцијата на дигестивни секрети кои ја забрзуваат и олеснуваат дигестијта. Еден од чаевите кој се препорачува прри тегоби во желудникот е чајот од глуварче.
  • Растителни влакна – Главната улога на влакната во исхраната е да ги нахранат добрите бактерии во желудникот како и стимулирање на перисталтиката што подразбира побрзо движење на храната низ цревата.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...