Почетна / Совети за здравје / Диња – овошје кое го намалува стресот!

Диња – овошје кое го намалува стресот!

Летото е познато како сезона на дињите и лубницте. Уживањето во овие свежи овошја е големо, па тешко кој може да одолее на нив.  Но, знаете ли дека дињата позитивно влијае врз намалувањето на стресот во вашиот организам
 
Дињата се препорачува на лица кои патат од констипација, хемороиди, ревматизам, артритис и проблеми со плуќата. Дињата помага при елиминација на токсините од организмот. Исто така делува смирувачки ако се стави на изгореници и воспалнија.   

Дињата содржи калциум (20mg/100g), целулоза, вода (95 %), железо, масти, фосфор, протеини, калиум, натриум, аминокиселини, минерални соли, шеќер, витамини А, Б1, Б3, Б9, витамин Ц и витамин Е. Дињата освен што освежува делува и лаксативно, диуретично и детоксикациски. 
Истражување на француските научници покажало дека ензимот кој е присутен во дињата може навистина да придонесе за намалување на стресот, пишува Nutrition Journal.
 
Станува збор за делувањето на ензимот супероксид дисмутаза, познат по заштитното дејство  на ткивото во организмот, кој исто така придонесува за поголема концентрација, намален замор и подобар сон.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...