Почетна / Совети за здравје / Дијареа- како да ја спречите?
Pain in the abdomen

Дијареа- како да ја спречите?

Колку често ви се случило за време на летен одмор да добиете стомачни проблеми, проблеми со варењето на храната, тврда и нередовна столица или пак честа дијареа?
На секој од нас му се случило да се соочи со непријатното чувство кое го предизвикува, лошењето, како и честите посети на тоалетот проследени со болки во стомакот. Телото пеку дијареа може да ги исфрла лошите бактерии надвор од организмот. Дијареата може да биде предизвикана од најразлични предивикатели:

  • грип
  • антибиотици
  • труење со храна
  • вирусна инфекција
  • вода со бактерии
  • гастроинтестинални проблеми

Акутна или хронична дијареа?

Акутната дијареа предизвикува 3-4 столици за време на денот. Трае неколку дена . Хроничната дијареа трае повеќе од 14 дена. Овие случаи се резултат на посериозни проблеми за кои е потребно да се побара стручна консултација и преглед од медицинско лице.

Дијареата е честа појава кај младите деца. Вирусна инфекција е често причинителот на оваа состојба. Дијареата која се појавува при патување е исто така честа појава на дијареа. Може да се појави во случај на пиење на нечиста вода и при промена на климатски услови.

Децата, бремените жени и повозрасните лица кои се соочуваат со диајреа потребно е да бидат посебно претпазливи поради тоа што се посебно сензитивни на дехидратација.

Што треба да се избегнува за време на дијареа?

За време на дијареа многу е битно што јадете и пиете. Дехидратацијата од дијареа може да биде дури и фатална. Затоа многу е битно да останете хидрирани и да пиете и да  консумирате храна што содржи многу течности, а во исто време нема да ги зголеми симптомите на дијареата туку напротив да ги редуцира.

Каква храна и пијалоци не смеете да консумирате за време на дијареа?
– алкохол
– млеко
– сокови и газирани сокови
– пржена и мрсна храна
– брокули
– грав
– грашок
– пченка
– пиперки
– некои млечни производи

Fotolia_105572584_Subscription_Monthly_M
Пробиотици

Пробиотиците се природен лек за дијареата. Тие се есенцијални живи бактерии кои постојат во некои производи како јогуртот. Многу се поделотворни доколку ги консумирате во форма на пастили или пак прашоци или капсули на природна основа.

Антибиотиците често ги острануваат сите добри бактерии кои живеат во вашата цревна флора. Тие исто така може да се предизвикалтели на дијареа. пробиотиците помагаат да се регенерира добрата бактериска флора во во вашите црева. Lactobacillus GG, acidophilus, и bifidobacteria се трите најчести типови на пробиотски бактерии .

Бактеријата Lactobacillus acidophilus создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетни цревни бактерии, а со создавањето ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на оптадот од организамот. Поради тоа е особено корисен за лицата кои се алергични или тешко ја варат млечната храна.

При дијареа, лошење, регулација на варењето на храната и желудочни проблеми ви го препорачуваме суплементот Acidophilus 4×6 од Now Foods.

4x6-Acidophilus (1)

Зошто Acidophilus 4×6 од Now Foods?

Acidophilus 4×6 од Now Foods со 6 вида на пробиотици (Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium bifidum, Bifidobacterium longum, Streptococcus thermophilus, Lactobacillus bulgaricus, Lactobacillus paracasei) е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата.

За време на дијареа се препорачува да се консумира 2 пати дневно.

 Повеќе информации за производот: 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...