Почетна / Диети / Диета со Зелено кафе- рецепт за витко тело
Union Coffee

Диета со Зелено кафе- рецепт за витко тело

Со летото веќе на самиот праг, доколку веќе не сте започнале време е да се подготвите за да бидете во топ форма за претстоечката летна сезона која воедно е и сезона на одмори. Доколку сеуште не сте започнале да правите диети и да вежбате, не чекајте го последниот миг за да правите неефикасни и исцрпувачки диети во период од 10 дена или една недела.  Брзите диети ветуваат нагло губење на тежина но ќе го ослабнат вашиот имунитет и метаболизам  и ќе направат да ги изгубите само вишокот на течностите  од организамот, а по завршетокот на изгледувањето изгубените килограми ќе се вратат.

Овој период од годината е вистинско време за диети и промена на начинот на исхрана.  Кога станува збор за здрава диета, тогаш време е да го погледнете револуционерното откритие кога станува збор за брзо слабеење– а тоа е екстрактот од Зелено кафе. Еден од најголемите новитети кога станува збор за нутрицијата и направи голем БУМ во областа на диетите, е поврзаноста на зеленото кафе со брзото и ефективно губење на вишокот на телесна тежина и топењето на мастите во телото.

3

Често идентификуван како Svetol или GCA, екстрактот од зелено зрно кафе се добива од самите зрна на кафе (растение: Coffea canephora ),  пред неговата непосредна термичка обработка, поради тоа што при самото печење топлината ги уништува биолошките активни состојки кои делуваат антиоксидативно.
Хлорогенската киселина е фенол кој се наоѓа во некои растенија и зеленчуци и делува антиоксидативно, и доста поефективно при топењето на мастите од самиот кофеин. Научниците во овој дел истакнуваат дека Хлорогенската киселина е токму екстрактот кој ги топи мастите, а не кофеинот од кафето.

2

Во истражување спроведено од страна на University of Scranton in Pennsylvania study,16 испитаници со зголемена телесна маса биле подложни на клиничко испитување со суплементи  од екстракт од зелено кафе за период од 22 недели. Субјектите овие суплементи ги конзумирале 30 минути пред секој оброк три пати на ден. Во текот на испитувањето, испитаниците не ги промениле навиките во исхраната која дотогаш ја имале, а не го промениле и зголемиле обемот на физичка активност. Без никакви контраиндикации кај нитуеден од пациентите, крајниот резултат бил зачудувачки, во просек секој од испитаниците изгубил по 10 килограми, ја намалил својата тежина за 10%, а обемот на масти дури за 16% од вкупните масти.

NOW-01925-1

Како се конзумира зеленото кафе?

Зеленото кафе најдобро е да се конзумира во форма на прав или суплемент барем 30 минути пред секој оброк, 2-3 пати дневно.
Нормално за секое ефикасно слабеење потребен е и сет на вежби кои не се задолжителни во диетата со зелено кафе меѓутоа се препорачливи за затегнат и дефиниран изглед на телото.

Диетата е потребно да вклучува минимум 3 оброци со 2 закуски помеѓу оброците, а вкупниот калориски внес да изнесува 1200-1500 калории за побрзи резултати. Свежото овошје, рибата и салатите се задолжителни. Позитивниот аспект на овој начин на исхрана е што треба да го задоволи вашиот глад. Суплементот го супресира гладот, па затоа нема да се чувстувате гладни, туку само жедни додека го конзумирате.

На што треба да се обрне внимание?

Суплементите кои се базираат на кофеин може да предизвикаат мала иритираност и несоница, како и да реагираат со други суплементи. На пример доколку земате симултано различни типови на суплементи како гуарана или мате, во комбинација со зеленото кафе може да се предизвика синергиски ефект на покачен крвен притисок како и губиток на калциум и магнезиум. Исто така доколку земате медикаменти за дијабетис, депресија и крвен притисок треба да бидет посебно претпазливи и да се консултирате со вашиот доктор или нутриционист пред да започнете било каква диета.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...

2 коментари

  1. Kade moze da go poracame…

    • Производот е достапен во сите аптеки на Зегин и ЕуроФарм низ републиката сега и по акциска цена