Почетна / Диети / Диета со Зелено кафе- рецепт за витко тело

Диета со Зелено кафе- рецепт за витко тело

Со летото веќе на самиот праг, доколку веќе не сте започнале време е да се подготвите за да бидете во топ форма за претстоечката летна сезона која воедно е и сезона на одмори. Доколку сеуште не сте започнале да правите диети и да вежбате, не чекајте го последниот миг за да правите неефикасни и исцрпувачки диети во период од 10 дена или една недела. Брзите диети ветуваат нагло губење на тежина но ќе го ослабнат вашиот имунитет и метаболизам и ќе направат да ги изгубите само вишокот на течностите од организамот, а по завршетокот на изгледувањето изгубените килограми ќе се вратат.
Овој период од годината е вистинско време за диети и промена на начинот на исхрана. Кога станува збор за здрава диета, тогаш време е да го погледнете револуционерното откритие кога станува збор за брзо слабеење– а тоа е екстрактот од Зелено кафе. Еден од најголемите новитети кога станува збор за нутрицијата и направи голем БУМ во областа на диетите, е поврзаноста на зеленото кафе со брзото и ефективно губење на вишокот на телесна тежина и топењето на мастите во телото.
Често идентификуван како Svetol или GCA, екстрактот од зелено зрно кафе се добива од самите зрна на кафе (растение: Coffea canephora ), пред неговата непосредна термичка обработка, поради тоа што при самото печење топлината ги уништува биолошките активни состојки кои делуваат антиоксидативно. Хлорогенската киселина е фенол кој се наоѓа во некои растенија и зеленчуци и делува антиоксидативно, и доста поефективно при топењето на мастите од самиот кофеин. Научниците во овој дел истакнуваат дека Хлорогенската киселина е токму екстрактот кој ги топи мастите, а не кофеинот од кафето.
Како се конзумира зеленото кафе?
Зеленото кафе најдобро е да се конзумира во форма на прав или суплемент барем 30 минути пред секој оброк, 2-3 пати дневно. Нормално за секое ефикасно слабеење потребен е и сет на вежби кои не се задолжителни во диетата со зелено кафе меѓутоа се препорачливи за затегнат и дефиниран изглед на телото.
Диетата е потребно да вклучува минимум 3 оброци со 2 закуски помеѓу оброците, а вкупниот калориски внес да изнесува 1200-1500 калории за побрзи резултати. Свежото овошје, рибата и салатите се задолжителни. Позитивниот аспект на овој начин на исхрана е што треба да го задоволи вашиот глад. Суплементот го супресира гладот, па затоа нема да се чувстувате гладни, туку само жедни додека го конзумирате.
На што треба да се обрне внимание?

Суплементите кои се базираат на кофеин може да предизвикаат мала иритираност и несоница, како и да реагираат со други суплементи. На пример доколку земате симултано различни типови на суплементи како гуарана или мате, во комбинација со зеленото кафе може да се предизвика синергиски ефект на покачен крвен притисок како и губиток на калциум и магнезиум. Исто така доколку земате медикаменти за дијабетис, депресија и крвен притисок треба да бидет посебно претпазливи и да се консултирате со вашиот доктор или нутриционист пред да започнете било каква диета.

Рецептот за слабеење е едноставен – здрава исхрана, редовно вежбање и истрајност во својата цел ќе ве доведат до траен резултат. Консумирајте, Green Coffee Diet Support (Зелено кафе) 1 капсула 1-2 пати 30 минути пред оброк. И одвоете барем 15-30 минути дневно за физичка активност, па ќе бидете навистина изненадени од постигнатиот ефект.Тоа е тајната на многу холивудски ѕвезди, кои мораме да признаеме изгледаат совршено.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...