Почетна / Диети / ДИЕТА СО МЕД!

ДИЕТА СО МЕД!

Со помош на мед не само што ќе се решите од настинката, туку ќе се решите и од вишокот на килограми. Дознајте како да го искористете овој благ и здрав подарок од природата и започнете ја диетата со мед!

Вистинска детокс напивка со моќниот мед може за брзо време да го намали “појасот“ околу Ваш струк. Само внимавајте да се храните здраво, не претерувајте со големи количини на храна и воведете ги овие комбинации во Вашиот мени. Дури не Ви е потребна некоја строга диета.

ЧИСТ МЕД 
Нова диета, која се вика хибернациска, е сосема едноставна. Земајте 1 до 2 лажици мед пред спиење. Нутриционистите потврдуваат дека на овој начин ќе го забрзате метаболизмот, трошењето на мастите, ќе го намалите стресот и ќе ја поттикнете ноќната регенерација на ткивата и мускулите.

“СОК“ ОД МЕД
Повеќе пати потенциравме колку може да биде значајно за Вашата диета консумацијата на топла вода со лимон на празен стомак во утринските часови. Но доколку додадете мед – ефектот ќе биде уште подобар. Овој рецепт е омилен бидејќи е едноставен и навистина делува

Измешајте 1 чаша топла вода (од 250 милилитри), 2 лажици свежо исцеден сок од лимон и 1 лажица мед. Пијте секое утро, веднаш по будењето на празен стомак. На овој начин подобро и побрзо ќе го исчистете организмот и џигерот.

ЗАМЕНЕТЕ ГО ШЕЌЕРОТ СО МЕД  

Многумина луѓе веруваат дека маснотиите се главни непријатели кога е во прашање намалување на телесната тежина, а постојат многу докази кои покажуваат дека виновникот е шеќерот. Исфрлете го шеќерот и употребувајте го медот како алтернатива. Започнете ден со лажица мед во топла чаша вода. Исто така намачкајте мед на интегрален леб, додадете го во млеко или јогурт. Задолжително половина час пред спиење повторно испијте топла вода со мед.

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...