Почетна / Диети / Диета со јаболко

Диета со јаболко

Јаболкото има минимален број на калории, максимум витамини и биоактивни нутритиви. За три дена можно е да се ослаби околу 2,5 килограми. Исто така, можете да се обидете да ја користете ова диета секој втор ден, но резултат нема да биде толку импресивен.

Диетата со јаболко е многу сигурна и кратка. Пектин, овошни киселини и калиум ги согоруваат калориите, подобрува метаболизам и пробава. Секој може да почни со ова здрава диета. Нема да се чувствувате гладно, а гликоза од јаболкото ќе го одржи нивото на шеќер во Вашата крв под контрола.

Изберете различни видови на јаболко, со средна големина. Не ги лупите, затоа што веднаш под нивната кора се наоѓа многу нутритиви. Секое јаболко има околу 90 калории.

  1. ден

Утрински појадок

Едно парче леб + 1 лажица кравјо сирење + 3 парчиња јаболко

Помеѓу утрински појадок и ручек

1 јаболко + 1 крекер

Ручек

Салата со риба: 140 грама риба + 1 јаболко +1 портокал + 5 стапчиња целер.

Сос: 70 грама не мрсен јогурт + сок од еден лимон. Можете да додадете малку сол.

Помеѓу ручек и вечера:

85 грама кравјо сирење85 + 1 јаболко.

Вечера:

2 сендвичи од ржан леб со сирење. Еден сендвич покријте го со тенко парче јаболко, а вториот сендвич со парчиња од краставица.

  1. ден

Утрински појадок

Житарки: 1 рендано јаболко ( со кора ) + една лажица суво грозје + 28 грама каша од овес + 140 мл немрсно сирење.

Помеѓу утринскиот појадок и ручек:

1 јаболко

Ручек

1 палачинка ( 28 фрама брашно, 6 лажици не мрсно млеко ) + 1 јајце ( сол, замена за шеќер или цимет нека биде по ваша желба ). Сос за палачинка: 1 јаболко исечено на парчиња.

Помеѓу ручек и вечера

85 грама не мрсен јогурт + 1/2 јаболко

Вечера:

45 грама ориз измешан со 1 јаболко исечено на парчиња и 1/2 банана

3.  ден

Утрински појадок

1 парче ржан леб + 2-3 лажици на масно кравјо сирење + 1 јаболко.

Помеѓу утринскиот појадок и ручек:

Напиток 1 изрендано јаболко + 142 грама не мрсен јогурт + сок од 1 лимон + цимет.

Ручек

85 фрама пилешко месо или не мрсно говедско месо во сос од: ( варете 5-7 минути ) каша од 1 јаболко + 1 блага црвена пиперка + 1 лажица сок од лимон + 2 лажици шеќер + 3 лажици вода. Додадете сол, пипер и киселина.

Помеѓу ручек и вечера:

1 јаболка.

Вечера

Салата: Исечете на парчиња 2 моркови со средна големина и 1 јаболко, додадете 1 лажица суво грозје i 56 грама не мрсно сирење.

Сос: 2 лажици не мрсна павлака + 2 лажици не мрсно млеко + околу 2 лажици замена на шеќер.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...