Почетна / Диети / Диета со грозје

Диета со грозје

Старите Римјани тврдеа дека во виното се крие вистината, а нутриционистите истакнуваат дека во зрната на грозјето се наоѓа тајната на витката линија. Било свежо или цедено, грозјето содржи многу важни состојки кои го зајакнуваат ткивото и артериите, штитат од рак, мозочниот удар или срцевиот удар …

Поради големиот процент на калиум, грозјето ја поттикнува работата на бубрезите и подобрува исфрлањето на вода од организмот, што доведува до слабеење. Содржи големо количество овошен шеќер и брзо создава чувство на ситост. Исто така добро е што грозјето се јади полека, зрно по зрно, па така да лесно ќе Ве засити. Доколку сакате брзо да ги симнете вишокот  килограми, не смеете да внесувате повеќе од 1 200 калории на ден. Во дневниот внес на калориите сметајте ги и 300 грама грозје, кое содржи дополнителни 200 калории. Со нашиот тридневен план на исхрана тоа ќе Ви биде многу лесно.

ПРВ ДЕН

ДОРУЧЕК- интегрален леб со павлака, со тоа изедете 150 грама грозје

СОВЕТ: преку павлаката наросете малку цимет. Ќе биде повкусно, а циметот ги разградува маснотиите.

УЖИНА – доколку огладневте, направете во една чаша шејк од млеко и овошје.

РУЧЕК – салата од пилешко месо ( 225 грама пилешко бело месо, 125 грама целер, 60 грама печурки, 50 грама сирење, 100 грама јогурт, 25 грама изрендан кашкавал, 2 лајци млеко, лажица масло, сол, пипер, 150 грама грозје )

ВЕЧЕРА – благо солена риба ( 200 грама зелка, 200 грама риба, 200 милилитри супа, 3 лажици сок од грозје, неколку зрна боровинки, 200 грама грозје, лажица масло, сол, пипер )

ВТОР ДЕН

ДОРУЧЕК – овошен јогурт ( 300 грама грозје, 4 лажици корнфлекс, 2 лажици мед, 300 милилитри јогурт )

УЖИНА – Парче тост намачкајте го со испржен кромид и додадете 20 грама сирење трапист. Со тоа изедете 50 грама грозје

РУЧЕК – шарена салата ( 300 грама зелена салата, 200 грама грозје, 2 лажици сечени на ситно ореви, 20 грама пармезан, 2 лажици киселина, лажица сенф, лажица масло, сол, пипер )

ВЕЧЕРА – полнети палачинки ( 100 милилитри млеко, 50 грама брашно, 200 грама зелка, сол, јајце, еден кромид, 3 лажици масло, пипер, 100 грама грозје )

Подготовка:  изматете ги јајцата млекото и додадете сол, па оставете да поседи половина час. Испржете го кромидот, додадете кисела зелка, сол, пипер и додадете ја смесата од јајцата, млекото и сол. Испечете четири палачинки, наполнете ги со филот од зелка, а потоа свиткајте ги. После вечерата изедете 100 грама грозје.

ТРЕТ ДЕН

ДОРУЧЕК – мусли со грозје ( 80 грама снегулки од зоб, 150 посен јогурт, 2 лажици мед, 300 грама грозје )

УЖИНА – овошни мусли ( изматете 100 милилитри кефир, 50 милилитри сок од грозје и 2 лажици никулци )

РУЧЕК – ориз со зеленчук ( 200 грама супа, 100 грама ориз, 100 грама претходно сварен, лажица масло, кромид, кари, сол, пипер )

Подготовка: На испржениот кромид додадете го оризот, и зачините. Потоа додате ја супата и варете 20 минути. На крај додадете го грашокот. После ручекот изедете 100 грама грозје.

ВЕЧЕРА – Ролат од свинско месо и грозје ( 2 свински шницли, 4 лажици сок од грозје, 2 лажици соја сос, страк праз, 300 грама грозје, 2 лажици масло, 100 грама супа )

Подготовка:Шницлата пржете ја 15 минути во сосот од сенф и соја сос. Исечете го кромидот и грозјето, половината ставете ја преку шницлите, месото виткајте го во ролат, краевите затворете ги со чепкалките и испржете на врело масло. Додадете ја супата, останатиот кромид и грозје и оставете да се вари уште 15 минути. Сервирајте со 150 грама макарони или варен компир .

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...