Почетна / Диети / Диета без гладување

Диета без гладување

Се обидувате да ослабите, но не Ви оди, не кревајте паника, решение постои. Со помош на четиринеделната диета која ja има осмислено Џејн Пирсон, нутриционист од Лондон, за четири недели ќе ослабете осум килограми, и тоа без гладување.

Како функционира?

Овој четиринеделен план на исхрана е осмислен така да ни во еден момент, додека се придржувате до планот нема да почувствувате глад. Се поставува прашање како? Сите намирници од оваа диета се позиционирани на скалата на индексот на ситоста, нов нутритивен систем кој мери колку можат да Ве засити одредена врста на храна. Значи додека доручкувате, ручате или вечерате, ќе бидете толку најадени да нема да ви падни на ум да касните нешто помеѓу главните јадења. Оваа диета посебно одговара за луѓе со голем апетит, но и за оние кои секогаш откажуваат од диетата бидејќи се плашат дека постојано ќе бидат гладни.

Што треба да правите?

Направете четиринеделен план така што ќе изберете по еден доручек, ручек и вечера за секој ден во неделата. Оброците мора да ги јадете секогаш во исто време и никако не смеете да ги прескокнувате.

Временското растојание помеѓу оброците не смее да биде помал од четири часа.

Помеѓу оброците не е дозволено никакво дополнително јадење, а нема ни да Ви биде потребно бидејќи тоа што ќе го изедете навистина ќе Ве најади.

Пијте барем осум чаши вода на ден.

Чај и кафе без шеќер се дозволени.

Заборавете ги алкохолот и благите јадења.

Еве го предлогот за доручек, ручек и вечера

Доручек:

  1. 50 грама мусли со млеко со помала маснотија и една рака сечено свежо овошје
  2. 2 интегрални тост лепчиња, 100 грама немасно сирење , банана
  3. 2 тенки парчиња шунка, варено јајце, чаша сок од портокал без шеќер
  4. 2 парчиња полумасно тврдо сирење, 2 мали домати, јаболко
  5. 80 грама туна, интегрална кифла, чај без шеќер
  6. Шолја јогурт со мед и ореви
  7. 2 пржени јајца со малку шунка, чаша сок од портокал без шеќер

 Ручек:

  1. 250 грама гриловани пилешки гради, зелена салата со малку маслиново масло и киселина.
  2. Салата со фета сирење – зелена салата, 2 домати, 1 пиперка, 150 грама фета сирење, прелијте ја салатата со сок од лимон.
  3. 200 грама варена јунешко месо, салата од свежа зелка, една рака јагоди, една рака семки
  4. Рижото од 250 грама месо од мисирка, 100 грама интегрален ориз и 1 кромид, зелена салата.
  5. 200 грама лосос, 100 грама пченка, 150 грама грашок, 100 грама овошна салата
  6. 200 грама јунешко месо, 200 грама боранија, пиперка, домат, портокал
  7. 300 грама риба скуша или ослиќ, 150 грама компир салата, јаболко

 Вечера:

  1. 200 грама лосос на жар, 200 грама брокула
  2. 250 грама месо од мисирка, 1 варен компир, 200 грама пченка
  3. 300 грама школки, зелена салата, чаша јогурт
  4. 2 пржени јајца со малку шунка и неколку печурки, домат
  5. Една помала конзерва туна, салата од пиперки, млад кромид и домат
  6. 250 грама пржено телешко месо, зелена салата
  7. Шпагети болоњезе направени од 70 грама интегрални шпагети, 100 грама мелено немасно телешко месо или месо од мисирка, сок од домат.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...