Почетна / Фитнес и аеробик / Диамнонд склекови

Диамнонд склекови

Кога ќе ги правите дијаманд склековите телото се поставува во прилично слична положба како и регуларните склекови. Разликата е во тоа што кај дијаманд склековите долниот дел од телото треба да биде во висина над рамената и притоа треба да се вложи поголем напор со рацете.

Кога започнувате да ги правите дијаманд склековите рацете треба да бидат поставени точно под вашите гради, така што при спуштањето вашите дланки треба да ги допрат градите. Кога ги правите склековите на овој начин ги зајакнувате трицепсите и задниот дел на рацете.

Каде и да ги правите дијаманд склековите или било која друга варијација на склекови вашите стомачни мускули играат главна улога и го држат вашето тело стабилно. Доколку одржите стабилна состојба на телото за време на тренинг ќе ги зацврстите вашите стомачни мускули и ќе постигнете ефективен тренинг.

Автор: Иле Маркоски
https://www.facebook.com/ilemarkoski

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...