Почетна / Фитнес и аеробик / Децата и спортот – што секој родител би требало да знае

Децата и спортот – што секој родител би требало да знае

Една од најважните детските потреби е потреба за движење. Физичката активност е едена од најбитните фактори за здравјето на децата. Со помош на физичката активност децата ги развиваат телесните и психичките вештини.

Но, детскиот организам има свои специфичности и ограничувања. Телесниот, психолошкиот, биохемискиот, социјалниот и секој друг статус кој ја дефинира единката, е различен кај детето во однос на возрасен човек, а посебно поради тоа  што децата се уште растат.

Најголем број на деца ги задоволува своите потреби за физичката активност низ играта и рекреативната активност, но се е поголем бројот на деца која рано се специјализираат за одреден вид на спорт и почнуваат со интензивни тренинзи, со цел за натпреварувачки спорт.

Најголемиот ризик по здравјето при бавењето со спорт се повредите. Не се поштедени ни децата кои се вклучени во спортските активности, било да се тие активности од рекреативен тип или од натпреварувачки тип … Најголем број од повредите спаѓаат во несериозни повреди, а 5 % се сериозни повреди како што е на пример фрактура. Но недоволното лекување и на лесна повреда може покасно да предизвика да биде сериозна.

ЗАТОА:

  • Пред да почне Вашето дете редовно да вежба или тренира за натпревар, однесете го на доктор кој ќе изврши детални прегледи за да можат да се согледаат и избегнат здравствените ризици кои спортската активност може да ги предизвика.
  • Секогаш бидете сигурни дали детето ја користи заштитната опрема кои  го бара конкретниот спорт и да опремата биде со соодветна големина.
  • Инсистирајте на тоа да детето пред започнување на спортската активност направи вежби за загревање и истегнување. Загреаните мускули и оптимално истегнатите лигаменти ќе ги спречат сериозните повреди.
  • Научете го Вашето дете да никогаш не ја продолжува физичката активност доколку чувствува било каква болка.
  • Доколку дојди до повредување, однесете го детето на преглед и спроведете го советуваното лекување. Стриктно пратете ги упатствата на докторот кога да се продолжи со физичката активност. Детето никогаш не го враќајте на спорт се додека не се воспостави полна функција на повредениот дел од телото. Не е доволно што ја нема болката, закрепнувањето мора да биде потполно! Не е лошо да се консултирате со специјалист на физикалната медицина.
  • Секогаш инсистирајте на тоа де тренерот или наставникот по физичко воспитание се обучени да даваат адекватна помош.
  • Не избегнувајте да разговарате со тренерот за методите на неговата работа, па и повремено да контролирате дали со Вашето дете постапува во склад со правилата на професијата. Амбициозноста на тренерот не е секогаш во најдобар интерес за детето.
  • Не инсистирајте на тимските спортови пред детето да има шест години. Децата помали од таа возраст не го разбираат концептот на тимската игра.
  • Секогаш бидете сигурни дали детето  има внесено пред и во текот на тренингот доволна количина на вода како би се спречил проблемот на дехидратација на организмот на детето
  • И НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА ДЕЦАТА ВО СПОРТОТ ЈА БАРААТ ЗАБАВАТА, А НЕ РЕЗУЛТАТОТ.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...