Почетна / Совети за здравје / Детоксикација на организмот

Детоксикација на организмот

Колку повеќе токсини складираме во организмот, толку побрзо старееме. Практикувањето на детоксикација на организмот датира илјадници години наназад. Постојат повеќе начини да се прочисти организмот од штетните материи. Некои методи се насочени на поединечни системи на органите ( црн дроб, бубрези, црева, кожа, бели дробови … ) а некои се однесуваат на организмот во целина.

Спроведувањето на исхрана на база на свежо овошје, цедени сокови, вода и чаеви, во период од два или повеќе денови во неделата, преставува само еден од начините да се ослободите од материите кои го загадуваат Вашиот организам. Малку поригорозен метод подразбира повеќедневен пост на база на цедени сокови. Во тој случај, неопходна е претходна консултација со стручно лице.

Еве неколку примери за исхрана со овошје и зеленчук, кои можат да бидат од голема помош во процесот на прочистување и подмладување на организмот и кожата:

Јаболко – помага во подобрување и нарушување на кожата и црниот дроб. Јаболкото има лаксативно дејство, па поради тоа е важно во процесот на прочистување на цревата.

Цвекло – сокот од овој зеленчук помага во “хранење” на црниот дроб.

Морковот – богат е со антиоксиданси, вклучувајќи го бета каротинот и витамините А, Ц и Е. Освен тоа, пребогат е со минерали и ензими, кои се борат против стареењето. Бетакаротенот навлегува во надворешната мембрана на клетката и овозможува заштита од сонце, а истовремено и од прераната појава на брчки.

Целер – помага во регулирање на pH рамнотежата на крвта.

Диња – сокот од диња е идеален за прочистување на бубрезите. Сокот треба да се пие сам, а не да се комбинира со друго овошје и зеленчук.

Лук, кромид, праз, броколи – зеленчук кој содржи суфур, делува против процесот на стареење, појавата на рак и го поттикнува дејството на детоксикациските ензими.

Леќата и овошјето помагаат во елиминирање на токсините.

Посните протеини ( лолос, органското пилешко и тофу производите ) се богати со аминокиселини, кои го подготвуваат токсините за елиминирање.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...