Почетна / Рецепти / Детокс смути – за чистење на организмот по празниците

Детокс смути – за чистење на организмот по празниците

Време е да направите детоксикација на организмот по прејадувањето од празниците.
Ова е моќно смути со кое успешно ќе го започнете своето патување кон здрав начин на живот.

Потребни состојки:

  • 1 големо зелено јаболко (Муцо)
  • 1 зрела банана
  • 1 краставица
  • 1 шолја листови од спанаќ
  • 1/2 шолја вода со свежи исцеден сок од лимон/лимета
  • 1 лажица Спирулина

Состојките се блендираат заедно и се добива вусно смути.
Совет: зеленото смути најдобро му помага на организмот да се исчисти од токсини тоа се должи на хлорофилот.
Спанаќот е богат со железо, Спирулината изобилува со витамини, минерали и железо и во исто време ги ифрла токсините од организмот и го зајакнува имунитетот.
Краставицата и лимонот се одлична комбинација која е нискокалорична а во исто време прочистувачка.
Користете ги како додатоци на својата вода и ќе добиете моќен напиток за топење на килограмите односно ќе ви помогнат побрзо да го исчистите телото, да го исфрлите вишокот на вода и да се чувствувате помалку подуено.  Бананата e одлична за регуларноста и има бројни бенефити како нутриенти кои го регулираат ритамот на срцето.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...