Почетна / Здравје и исхрана / Детокс смути во чинија со малини и спирулина

Детокс смути во чинија со малини и спирулина

Вистинска енергетска бомба која морате да испробате- смути во чинија со малини и спирулина

Потребно за да го подготвите овој превкусен рецепт е
– лажичка Spirulina Pacifica во прав
– 1/2 чаша бадемово млеко /кокосово млеко
– 1/4 чаша вода
– една рака малинки свежо замрзнати
– 3 лажици чиа семе
– половина полусмрзната банана

Бананата се блендира заедно со чиа семето, водата, млекото и Spirulina.
Се сервира во чинија затоа што чиа семето ќе нарасне и смутито лесно ќе се превори во чиа пудинг.
Свежите малинки се додаваат од згора.
Оставете да остои до 20 мин во фридижер со температура на одржување.

За декорација може да искористите листови од свежо нане и калинка или по свој избор.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...