Почетна / Диети / Детокс смути со зеленчук

Детокс смути со зеленчук

Детоксот е од  важно значење за целиот организам и е препорачливо да се прави по завршувањето на секоја сезона ако не и почесто.
Доколку успеавте да ја погледнете нашата програма за детокс, тогаш денес ви препорачуваме еден вкусен рецепт за детокс со краставица за рамен стомак.

За да го подготвите ова смути потребни ви се следните состојки:

– 2 лажици мешани семиња (мелено ленено,мелено семе од тиква, чиа семе, сусам и семиња по избор)
– свеж магдонос
– сок од половина лимон
– 1/3 кафена лажичка Spirulina Pacifica во прав
– 1 краставица исецкана на парчиња (без лушпа)
– 1/2 чаша вода

Состојките се блендираат заедно и откако ќе се добие хомогена смеса од тврдите состојки се додава водата.
Се блендира уште 1 минута.
Се послужува со кришка лимон за дополнителен вкус.

Толку е свежо и лесно, ви препорачуваме да го пиете наутро или за вечера.

*Наместо вода можете да употребите и домашен ќефир.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...