Почетна / Совети за здравје / Детокс наспроти чистење – Која е разликата?

Детокс наспроти чистење – Која е разликата?

Зборовите детокс или чистење често ги употребуваме во иста конотација, но тие имаат различно значење.

Што подразбираме под детокс? Целта на детоксот е да ги елиминира токсините од телото претворајќи ги во отпад кој го исфрламе (од пушење цигари, хемикалии, тешки метали и други еколошки елементи). Особено важно е да се изврши детоксификација и да се исчистат патиштата на главниот орган – црниот дроб.

Детоксот подразбира промена во начинот на исхрана и животниот стил. Исто така може да вклучува конзумирање на хербални суплементи, посетана сауни за терапевтско потење.

Чистењето наспроти детоксот подразбира чистење на дигестивниот тракт. Во овој процес се врши елиминација на фекалните материи, токсините, паразитите и габите од дигестивниот тракт.

Кога планирате да спроведете чистење на организмот, елиминирајте ја следната храна: млечни производи, јајца, глутен, соја, пченка, рафиниран шеќер, кофеин, преработена храна и алкохол.

Некои знаци дека имате токсини во телото:

  • Вртоглавици
  • Главоболка
  • Алергии и чувствителност на храна
  • Промени во расположението
  • Анксиозност и депресија
  • Висок крвен притисок
  • Констипација
  • Мускулни болки

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...