Почетна / Диети / Десетдневна диета која навистина функционира

Десетдневна диета која навистина функционира

После зимата и насобрани прекумерни килограми време е да ја дотерате линијата. Доволно е од менито да ги исфрлете непотребните калории: слатките, печивата, лебот, тестенините, да ги намалите порциите и резултатите за брзо време ќе бидат видливи.

Доколку во текот на зимските денови добивте некој килограм повеќе, сега е вистински момент да го смените режимот на исхрана и да ја дотерате линијата. Доколку вагата покажува само два до три килограми повеќе од вашата вообичаена тежина, не морате да се фрлите на тешки диети.

Но, доколку килограмите се насобрани, ќе Ви треба повеќе време и резултатите сигурно ќе дојдат. Затоа е важно да со новиот режим на исхрана почнете веќе сега, за да бидете задоволни со Вашата линија. Ова диета не е ригорозна и содржи намирници кои во главно сите ги сакаме, само е потребно да се придржувате до неа и да не ги прескокнувате оброците

Првиот ден

Утринскиот појадок: шолја зелен чај без шеќер, лажица интегрални снегулки без шеќер, 150 грама свежо посно сирење, едно јаболко.

Ручек: салата од целер со лимон, пилешки гради, шампињони пржени со лук и магдонос, една круша.

Околу 16:00 часот: една шолја зелен чај без шеќер или јогурт.

Вечера: супа од зеленчук, печена шницла, варен зеленчук, една чаша јогурт.

Вториот ден

Утрински појадок:  шолја зелен чај без шеќер, две парчиња интегрален леб (30 до 40 грама) со малку путер, 150 грама младо посно сирење, сок од половина грејпфрут.

Ручек: салата од шампињони, омлет од две јајца, запечен домат ( со магдонос и лажица маслиново масло ), 2 мандарини.

Вечера: супа, варена риба, брокули варени на пареа со една лажица маслиново масло, малку сирење со најмногу 20 проценти маснотија.

Третиот ден

Утрински појадок:   шолја зелен чај без шеќер, четири лажици снегулки без шеќер, 1,5 децилитри млеко, еден киви.

Ручек: 120-150 грама телешко месо печено на скара, мешана зелена салата со една лажица маслиново масло, посно свежо сирење.

Околу 16:00 часот: шолја зелен чај без шеќер и еден портокал.

Вечера: салата, риба печена во рерна со лимон, мајчина душичка, ловор и магдонос, малку сирење со најмногу 20 проценти маснотија.

Четвртиот ден

Утрински појадок: шолја зелен чај, два парчиња интегрален леб со малку путер, еден јогурт од соја, сок од еден портокал.

Ручек: салата од зелени мешунки, парче печена мисирка, карфиол варен на пареа со 1 лажица маслиново масло, еден јогурт со една лажица кокосово брашно.

Околу 16:00 часот: шолја зелен чај без шеќер, една јаболко.

Вечера: салата од домат, 2 парчиња посна шунка, една порција спанаќ, 100 грама свежо младо сирење.

Петтиот ден

Утрински појадок: шолја зелен чај без шеќер, четири лажици снегулки без шеќер, 150 грама свежо посно сирење, една мала банана.

Ручек: мешана салата со сок од лимон, варена пастрмка, малку сирење со најмногу 20 проценти маснотија, една круша.

Околу 16:00 часот: шолја зелен чај, овошна салата од ананас.

Вечера: салата од соини клици, месо од мисирка со сенф, тиквички запечени со маслиново масло, еден јогурт со лажица какао.

Шестиот ден

Утрински појадок: шолја зелен чај, две парчиња интегрален леб со малку путер, еден јогурт од сојино млеко, сок од еден портокал.

Ручек: мешана салата со додаток на магдонос и една лажица маслиново масло, полнет домат со мелено месо.

Вечера: салата од краставици со јогурт, 2 ражњичи од печени шкампи, риба, пиперка и кромид, малку грашок варен на пареа, една чаша јогурт.

Седмиот ден

Утрински појадок: една шолја зелен чај, четири лажици снегулки без шеќер, 150 грама свежо посно сирење, една круша.

Ручек: салата од брокули, запечен шницла од мелено телешко месо со морков, магдонос и една лажица маслиново масло, една чаша јогурт.

Околу 16:00 часот: една рака суво овошје.

Вечера: пилешко бело месо на скара, пире компир со чаша јогурт.

Осмиот ден

Утрински појадок: шолја зелен чај, две парчиња интегрален леб со малку путер, 150 грама свежо посно сирење.

Ручек: салата од шампињони, омлет од два јајца со пиперка исечена на тенки ленти, пржени тиквички со магдонос и една лажица маслиново масло, половина грејпфрут.

Околу 16:00 часот: шолја зелен чај и една чаша јогурт.

Вечера: една порција супа, еден филет од ослич со сок од лимон, карфиол варен на пареа, малку сирење со најмногу 20 проценти маснотија.

Деветтиот ден

Утрински појадок: шолја зелен чај без шеќер, два парчиња интегрален леб, јогурт, сок од портокал.

Ручек: салата од краставици и домат, пилешко месо, шампињони пржени со магдонос и лук, еден јогурт со една лажицаа кокосово брашно.

Околу 16:00 часот: шолја зелен чај без шеќер, едно јаболко.

Вечера: зелена салата, две парчиња посна шунка, една порција варена боранија, 100 грама свежо посно сирење.

Десеттиот ден

Утрински појадок: шолја зелен чај, четири лажици снегулки без шеќер, 1,5 децилитри млеко, еден киви.

Ручек: риба на скара, мешана салата зачинета со јаболковата киселина и лажица маслиново масло, малку свежо посно сирење.

Вечера: салата од зелени мешунки, 120 грама телешко месо печено на скара, пире од целер, малку сирење со најмногу 20 проценти маснотија.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...