Почетна / Активен живот / Десет совети за родителите како подобро да комуницираат со адолесцентите

Десет совети за родителите како подобро да комуницираат со адолесцентите

  1. Една од најважните лекции е таа за природните последици. Потребно е да ги научите децата дека секое нивно однесување доведува до одредени последици, и тие треба да си ја превземат одгворноста за тие последици. Ако Вие не ги научите на тоа, ќе ги научи животот (но на многу потежок начин).
  2. Воздржувате се од давање совети, освен кога адолесценотот тоа го бара од Вас. Како што еден родител изјави: Што помалку совети давам, толку повеќе моете дете сака да рзговара со мене. Вклопете го советот во разговор во кој вашиот адолесцент ќе го има главниот збор, а вие само аргументирано учествувате. Освен ако не се работи за нешто посериозно или опасно, пуштете го адолцентот и да погреши. Така најдобро учиме.
  3. Прифатете ја сепарацијата. Развојот на сопствениот идентитет во текот на адолесценијата вклучува одреден степен на сепарација, но и не целосно сепарација од семејството, за де се постигне независност. Не барајте доверување, туку заслужете го!
  4. Дозволете му на адолесцентот да размислува за себе. Треба да ве смири фактот дека домот е сигурно место, каде што може да ги вентилира своите фрустрации, да ги среди мислите и да ги свати промените во својот живот.
  5. Очекувајте недоследност од својот адолесцент. Тој преживува бура од неуролошки, емоционални, физички и хормонални промени кои се природна карактеристика на процесот на созревање и растење.
  6. Дајте му шанса на својот адолесцент да биде сам со себе кога тоа му е потребно.
  7. Дозволете му да превземе дел од грижата. Ако вие се грижите за се и решавате се наместо него никогаш нема да стане одговорен.
  8. Поставете домашни правила јасно и во договор со адолесцентот. Ако домашните правила отворено се изложат и се разговара за нив конфликти има помалку. Вакви јасни договорени правила им помагаат на родителите затоа што не мора да ги смислуваат правилата во моментот, а им олеснува и на адолесцентите затоа што знаат дека и сами учествуваат во нивно формирање.
  9. Немојте да давате наредби тоа не помага во развојот на односите и не ги градaт односите.
  10. Почитувајте го адолесцентот и неговите чувства и колку и да се тие бурни, променливи и неразбирливи.

Казнување како воспитна мерка

Најважна разлика помеѓу казната и последиците од казнување е тоа што казната е наменета за брзо прекинување на непосакуваното однесување, така што нанесуваме физичка или емоционална болка на адолесцентот, а последиците од казнување можат да бидат трајни. Ефектот од казнување се гледа во тоа што охрабрува друг тип на однесување за разлика од несаканото однесување. Казните ги контаминираат адолесцентите, но привремено.

neuromedika logo new

Казните се брзи и ефикасни но на кратки стази. Доколку подолготрајно се применуваат создаваат уште поголеми и повеќе проблеми во односите помеѓу родителите и адолесцентите. Казнувањето доколку биде применувано умерено на конструктивен начин за отсранување на некое конкретно непосакувано однесување, може да преставува добар начин да му се помогне на детето во развивање на вредности кои ќе ги има цел живот. Казната е едноставен процес и особено е привлечен за родителите кои немаат време да им посветуваат на своите деца.

Кога родителите трба да побараат помош од психолог

Ова се само некои од можните причини за да се побара помош. Ако не сте сигурни дали ви е потребна помош или не, најдобро е да се обратите на психолог кој ќе ви помогне во таа проценка:

  1. Ако адолесцентот покажува сериозни, тешки проблеми во однесувањето, како што се: траума, сериозни проблеми во училиште, депресија, растројство во исхраната, зависнот и деликвентно ооднесување, родителите не би требале да ги решаат овие проблеми туку секако да побараат стручна помош.
  2. Ако адолесцентот има манифесна реакција на некој проблем, родителите не знаат за каков проблем се работи, добро е да се побара стручна помош.
  3. Ако родителите се обиделе да го решат проблемот на адолесцентот, но не успеале исто така треба да побараат стручна помош. Како пример на такви проблеми можат да се наведат: зачестено безделничење, зачестено бегање од школо или од обврски или агресивно спритивставување.
  4. Ако родителите сватат дека се дел од проблемот, исто така треба да побараат сручна помош. Континуирани, големи кавги кои го пореметуваат секојдневниот семеен живот се добар пример за тоа. Ретко една личност е единствен виновник за поголеми семејни кавги. Психологот може објективно да го согледа проблемот во семејството, и да им помогне на сите членови да разберат поради што се караат и да пронајдат начин како да се намалат истите.
  5. Кога семејството е изложено на интензивен стрес, како што е смрт на член од семејството или равод на бракот потребна е стручна помош

 

Спец. Д-р Анета Начевска,

Специјалист по медицинска психологија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/3 133-313

http://www.neuromedica.com.mk/

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...