Почетна / Фитнес и аеробик / Десет “брзи” совети за фитнес

Десет “брзи” совети за фитнес

Ако имаш цел, ќе го најдеш и патот – вели една афричка поговорка.

Имајќи во предвид дека сезоната за одмори веќе заврши и не внимававме премногу колку храна внесувавме, со притоа минимална физичка активност, време е работите да ги поправиме. Во наша корист, се разбира.

За припадничките на понежниот пол кои вежбале, за оние што вежбаат и за оние што тоа го планирале, нудиме десет брзи совети како да го подобрат своето здравје, навики и изглед:

  • Мали оброци – повеќе помали оброци во текот на денот го забрзуваат метаболизмот
  • Опрема за тренинг– удобни патики, облека и шишенце со вода
  • Тренинг–како начин на живот, не обврска, 3-4 пати неделно по 1 час минимално
  • Интензитет на тренингот – прилагодете го со вашата моментална здравствена состојба и години
  • Внесувајте овошје и зеленчук  – куп од витамини, минерали и диететски влакна
  • Анимирајте ги пријателите и колегите – вежбањето во друштво е интересно и малку такмичарско
  • Цел на тренингот – ставка од која се поаѓа, а тоа го подобрува здравјето
  • Инструкции од тренер– послушајте и прашајте кога нешто не ви е јасно
  • Јадете, но пазете што – храна која ви дава сила, а не да ја намали
  • Активирајте го умот и телото– фокусирајте се на секое движење и секој мускул

Веројатно видовте што е покровител на сите добри работи во животот, мислејќи на зачувување и подобрување на здравјето низ исхраната и правилното вежбање – МОТИВАЦИЈА!

Проверете и

Младата Миа Крстевска е рекордерката на Македонија во младинско пливање

Младата пливачка Миа Крстевска(16) во овој спорт е веќе 10 години, во нејзина сопственост се ...