Почетна / Совети за здравје / Депресијата го забрзува процесот на стареење

Депресијата го забрзува процесот на стареење

Депресијата не е само прашање на психолошка нерамнотежа, туку остава и траги врз ќелиите и така придонесува за побрзо стареење, пренесуваат научниците на АФП.

Холандските научници испитувале 2407 волонтери со или без депресија или предиспозиции за депресија. Тие заклучиле дека оние што имаат депресија или предиспозиција имале ќелиски реакции на побрзо стареење.

“Таквото брзо стареење на лицата со депресија може да доведе до низа други болести, како што се дијабетес  или кардиоваскуларни болести”, наведено е во истражувањата.

Депресијата инаку припаѓа во групата пореметувања на расположението. Депресивното расположение се карактеризира со повлекување во себе, потиштеност, пад на животната динамика, несоница, губење на апетитот, песимизам, успорен мисловен процес, чуство на безнадежност и беспомошност.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...