Почетна / Совети за здравје / Депресија, што ја поттикнува нејзината појава?

Депресија, што ја поттикнува нејзината појава?

Некои типови на депресија доаѓаат и си одат, додека пак други типови можат да доминираат нечиј живот и да го направат да изгледа безначаен, несреќен, тежок  и непродуктивен. Депресијата може да прерасне во сериозна здравствена состојба која е потребно да се третира за да биде под контрола.

Препознавањето и контролирањето на тригерите кои ја предизвикуваат секоја наредна епизода на депресија може да бидат клучни показатели за незино контролирање.

Лоша здравствена состојба
Проблемите со здравјето пред или по дијагностицирањето на депресијата се доволно силен тригер за влошување на состојбата без разлика дали истите ја предизвикале или пак се појавиле пред истата да биде идентификувана.
Превземете грижа за вашето здравје, третирајте го секој проблем по совет од лекар и здравјето поставете го за ваш приоритет но не и дозволувајте на состојбата да управува со вашиот живот и секојдневие.

Финансиски грижи
Финансиските грижи се чест тригер на грижи и стрес. Фокусирајте се на нештата кои можат да ви помогнат да ја обезбедите вашата финансиска стабилност, без да се фокусирате постојано на она што го немате во моментот. Штедете и планирајте го својот буџет, дозволувајте си почесто активности за кои не се потребни многу финансиски средства а кои секако позитивно ќе влијаат на вашето расположение. Една единствена прошетка низ парк може многу позитивно да влијае врз вашето расположение.

Сексуални проблеми
Депресијара, стресот и недостатокот на желба за секс се често коегзистентни.Расположението и може значително да влијае врз степенот на желбата за интимност со партнерот, а постојат и ризици за недостаток на либидо за време на консумација на анти депресиви.

Прекумерна тежина
Прекумерната тежина или незадоволството со своето тело кај многу луѓе може да биде тригер за појава на депресија. Со зголемување на активностите во текот на денот како и зголемување на времето поминато во физичка активност многу полесно ќе се справите и ослободите од  симптомите на депресија но и ќе бидете позадоволни со својот изглед и со самите себе.
Соочување со големи животни промени
Некои животни промени, како смрт на сакано лице или пак ставањето на крај на значајна врска се често неочекувани промени надвор од ваша контрола,меѓутоа може да се спречат да бидат тригери за депресија. Најчесто членовите од семејството во вакви ситуациии се најголемата поддршка.

Зависности
Користењето на алкохол за потиснување на чувствата и симптомите на депресија може само да ги зголеми и потисне моментално епизодите на депресија.

Лоша исхрана
Одредени типови на храна како храна богата со масти  и шеќери може да предизвика чувство на летаргија и апатија. Со зголемување на внесот на свежи овошја и зеленчук тригерите за депресивни епизоди се намалуваат. Здравата храна е здравје на умот и телото-практикувајте ја што почесто.

Лош распоред на часови за одмор и спиење
Добриот сон е клуч за правилното функционирање на целото наше тело и органи. Тој е стимуланс за перформансот, затоа практикувајте здрави навики за спиење
– пред спиење исклучете ги сите електронски направи
– редуцирајте ги изворите на светлина, бучава и дискомфор
– пијте топло млеко или чај
– медитирајте, читајте или повремено користете топла пенлива бања пред спиење

Колку од овие тригери кај вас ги практикувате или имате?

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...