Почетна / Активен живот / Денес се слави големиот црковен празник – Воведението на Пресветата Богородица – воведување на Богомајката во Ерусалимскиот храм

Денес се слави големиот црковен празник – Воведението на Пресветата Богородица – воведување на Богомајката во Ерусалимскиот храм

Во спомен на денот кога Пресветата Богородица Марија била донесена во Ерусалимскиот храм и посветена на Бога, се слави празникот Воведение на 4.декември, односно 21. ноември по стариот календар. Во таа чест христијаните ги спремаат посните трпези. Честита слава!!!  

Во народот Воведението се празнува како ″Света Пречиста″, а посебно го слават жените. Се смета дека годината ќе биде родна, ако на Воведението ќе врни дожд, а неродна ако дува ветер или се спушти магла.

Родителите на пресветата Богородица, Јоаким и Ана биле големи верници. Таткото потекнувал од царскиот род на Давид, а мајката потекнувала од првосвештеничко семејство. Долго живееле заедно, но немале деца, што во тоа време се сметало како Божја казна. Таквите луѓе без пород биле презрени од луѓето а во храмовите не биле прифатени нивните дарови. Тие животот го поминувале во тага по деца, па во постојаната молитва и постот, се заветувале дека доколку добијат дете ќе го посветат на Господ. После многу години и постојаната молитва и пост, на Ана во градината под ловоровото дрво и се укажал ангелот на Господ и и соопштил дека без оглед на нејзинитегодини ќе стане мајка и дека нејзините молитви се услишени. Тогаш Ана се заветувала дека детето кое ќе го роди ќе го посвети на Господ Бог, за да му служи целиот живот. Кога желбата им се исполнела и кога им се родила ќерката, им дале име Марија, што значи ″Висока″.

Кога Марија наполнела три години, за да го исполни заветот даден на Бога, повикале многу девојчиња и роднини, па сите свечено облечени со запалени свеќи во раце тргнале за Назарет. На влезот во храм ги дочекале свештениците, а Марија потполно сама се искачила на петнаесет скали на влезот од храмот, радувајќи се влегла во црквата и не ги барала родителите. Првосвештеникот Захарије, таткото на Јован претеча, восхитен од незината светост, ја вовел во храмот, прво во издвоен олтар, кој се викал ″Светост над Светостите″ и во кој ни обичните свештеници не влегувале, туку само архијереј, еднаш во годината. Жените и монахињите ни ден денес не смеат да влезат во олтарот, затоа што во него Богородицата е посветена на служењето на Господ.

На иконите е преставена како девојче, Светата Марија, каде што првосвештеникот на старозаветната црква, Захарије, ја воведува во храмот, каде што е  набљудуваат многу девојчиња. Бидејќи тогаш не постоел поим монахиња и секоја жена морала да се мажи и да остави потомство, се смета дека нејзиното посветување на Бога е прво званично монашење.

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...